Програмата на Академијата за софтвер тестинг е така креирана што се изучува и мануелно и автоматско тестирање за да им овозможи на студентите по завршување на Академијата да направат избор кон кој вид на тестирање сакаат да се насочат. Поголемиот дел од студентите немаат јасна слика за нивниот пат по Академијата, па затоа во втората епизода од нашиот подкаст Techcast разговараме со менторот на Академијата Стефан Милановски за тоа што по Академијата за софтвер тестинг.
За тие што преферираат повеќе да слушаат 🔊
(кликни на сликата и ќе те одведе до подкастот)
А за тие што повеќе сакаат да читаат oдговорите ќе ги најдат во прилог, уживајте! 😊
Аријана: Кој е Стефан? Каква е професијата на софтвер тестери?
Стефан: Јас сум Стефан Милановски, работам во Endava веќе 4 години, можеби и повеќе од 4 години. Претежно се занимавам со аutomation testing, но секако кога има потреба од мануелно тестирање се вметнувам и во таа работа. Има некои моменти кога не може се да се автоматизира, па мораме да скокнеме и на мануелно. Моменталната ситуација кај тестерите е што би било убаво да имаат искуство и во мануелно и во автоматско тестирање, но работа се наоѓа и само со мануелното тестирање.
Јас лично професијата ја обожавам бидејќи додека бев на факултет сѐ уште не знаев каде сум, што да правам со себе си, не знаев до каде сум со кодирање, па сакав, па не сакав и така некако после одреден период на факултет имавме предмет што беше баш тестирање и менторката која денес ми е колешка ме препорача во Endava и таа многу убаво ни го објасни тој дел на тестирање, како треба да се прави, што треба да се прави и едноставно тогаш се заљубив во професијата.
Многу значајна работа на луѓето денес им е некој да им даде насока во кариера!
21 век си наметна едно “јас сакам да работам во технологија”, сакам да ги уживам бенефитите, а не сакам да студирам 4 години на факултет. Луѓето бараат попрактични знаења и затоа тука Академиите како Creative Hub доаѓаат до израз.
Аријана: На бесплатниот курс од некој од прустните имаше прашање “Дали јас сум за фронт-енд или за тестер?”, па можеш ли малце да ни објасниш за тоа?
Стефан: За да работиш како софтвер тестер, како мануелен тестер нема потреба од познавање од програмирање односно кодирање. Општо во сите фирми има потреба од мануелни тестери и тие играат многу круцијална улога бидејќи тестерите како тестери се последните луѓе на фронтот кои кажуваат дали апликацијата може да оди понатаму или ја враќаат истата. Кодирањето стапува на сила кај автоматскиот дел, а на Академијата ја склопив програмата да има и мануелно и автоматско тестирање кадешто луѓето ако се пронајдат повеќе во мануелно тестирање можат потоа да си бараат работа за мануелно тестирање, но ако повеќе се вљубат во кодирање можат да си бараат работа во делот на автоматското тестирање. Разликата на кодирањето кај девелопери и тестери е во начинот на кој се кодира. На пример фронт-енд и бек-енд девелопери ја прават самата апликација, а тестерите кога куцаат код куцаат за да ја истестираат веќе искодираната апликација.
Аријана: Во Македонија и Косово има голема побарувачка за тестери. Кое е твоето мислење? Кога некој би завршил Академија кој би бил следниот чекор?
Стефан: Јас сум во ИТ уште откако се запишав на факултет и зборев со поискусни од мене и буквално сите ми го збореа истото. Најтешкиот дел е учењето, па потоа вработувањето и откако луѓето ќе се вработат веќе се научени на учење на технологијата, влезени се во шема каде треба да знаеш што има ново и кои технологии се користат, едноставно да бидеш во тек со сето тоа.
После завршувањето на Академијата буквално сите би требало да си направат LinkedIn профил, да имаат GitHub што е во програмата на Академијата и сето тоа ќе им биде како чекор напред кој ќе ги доближи поблиску до тие работодавци односно HR луѓе што бараат луѓе за работа во фирмите и потоа едноставно треба само да се биде упорен и да се аплицира.
Нормално е на почеток луѓето да бидат одбиени, на некои места и ќе бидат прифатени и на тие места каде што ќе бидат прифатени следниот чекор е интервју. Најчесто интервјуто се сочинува од неколку фази:
- Првата фаза е HR интервју каде луѓето од HR ти поставуваат прашања за да откријат која е твојата позадина и каков е твојот карактер
- Втора фаза е техничко интервју каде ги тестираат твоите вештини ( интервјуерот може да постави прво некои општи прашања како кога би искористил мануелно тестирање или пак прашања за објектно ориентирано програмирање кога станува збор за автоматско тестирање, потоа можеш да добиеш проблем на кој ќе треба да понудиш решение)
Најголем страв на сите кандидати е дали нешто нема да знаат на тоа интервју. Јас на сите што сум ги спремал за интервју на сите им велам дека тие што ти прават интервју не очекуваат од тебе се да знаеш туку очекуваат ти да покажеш интерес и едноставно да покажеш дека си спремен да се ангажираш за да решиш некаков проблем. Потоа кога ќе работиш сите работат во тимови и затоа има повеќе луѓе, никој не очекува ти сам да решав одреден проблем.
Совет: Мој совет до сите што одат на интервјуа е едноставно да не се плашат ако нешто утнат и да се спремат добро за секое интервју.