fbpx

Моите активности како Асистент се тесно поврзани со тековната работа и процесот на учење на студентите – Александра

Во денешното интервју разговараме со Асистентот на UX/UI Академијата, Александра Милошеска. Во продолжение прочитајте што вели Александра за нејзините активности како Асистент, што изучуваат студентите на Академијата и што им препорачува на сегашните и идни студенти.  Најпрвин кажете ни нешто за Вас, за Вашиот Background. Што работите, од кога сте Асистент UX/UI Академијата? По професија […]
Асистент на UX/UI Академија - Александра
06.30.2022

Во денешното интервју разговараме со Асистентот на UX/UI Академијата, Александра Милошеска. Во продолжение прочитајте што вели Александра за нејзините активности како Асистент, што изучуваат студентите на Академијата и што им препорачува на сегашните и идни студенти.

 Најпрвин кажете ни нешто за Вас, за Вашиот Background. Што работите, од кога сте Асистент UX/UI Академијата?

По професија сум Магистер инженер архитект, што во принцип многу ми помогна во целиот процес на изучување и работа во оваа сфера поради design mindset-от кој веќе го имав створено. Работам како UX/UI дизајнер во Creative Hub, а асистент на Академијата сум од февруари оваа година. 

Кои се вашите активности како Асистент?

Моите активности како асистент на UX/UI Академијата се тесно поврзани со тековната работа и процесот на учење на студентите. Јас ги водам вежбите со студентите на кои се дискутираат домашните задачи кои регуларно им се задаваат после секој час. Се грижам за тоа студентите да добијат детален фидбек за она што го изработиле. Секогаш им стојам на располагање за било што и да ги мачи или им е нејасно при процесот на учење. 

Super Early Bird на UX/UI Академија

Регистрирај се!

Дали им давате дополнителни задачи на студентите?

Да, секако. Особено на оние студенти кои покажуваат иницијатива за учење и надополнување на знаењето и кои се амбициозни и сакаат да работат на дополнителни задачи.

Вие сте во секојдневна комуникација со студентите. Дали може да ни кажете како се задоволни од Академијата и кои се нивните очекувања и цели кои сакаат да ги постигнат?

Мислам дека за тоа колку се задоволни најдобро можат да одговорат самите студенти. Во однос на нивните очекувања и цели и јас и Иле се стремиме кон тоа да си ги остварат зацртаните цели. Притоа да ги исполниме нивните очекувања со нашата посветеност и ангажираност околу нивниот секојдневен напредок во сферата.

Вие учествувавте во креирањето на програмата заедно со менторот Иле. Дали може да ни кажете што се изучува на UX/UI Академијата?

На UX/UI Академијата се изучуваат сите процеси при изработка на дигитални продукти. Од интервјуа со корисници, разработка на стратегија, дијаграми, сценарија на користење. Тука се и принципите на дизајн, алатки и програми кои се користат во сите фази. Разработуваме и дискутираме и книги кои се must read за дизајнери и сето ова се учи преку разработка на проекти. 

Super Early Bird на UX/UI Академија

Регистрирај се!

Што би им препорачале на студентите на Академијата и на оние кои размислуваат за кариера како UX/UI дизајнер?

На студентите би им препорачала само да си останат одговорни и со огромна желба за учење и работа какви што се и досега. На оние кои размислуваат да почнат да се занимаваат со UX/UI дизајн би им препорачала добро да го истражат полето. Што точно обработува за да се сигурни дека тоа е вистинскиот избор за нив. Секако доколку ги привлекува и сметаат дека UX/UI дизајнот одговара на нивнот карактер им препорачувам да не се двоумат и веднаш да почнат да го изучуваат.

За сите оние кои размислуваат за кариера во UX/UI област, спремивме Super Early Bird понуда за запишување на Академија. Super Early Bird понудата важи до 15ти јули. За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за UX/UI. Примерокот може да го симнете на следниов линк.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This