fbpx

Мотивацијата ја пронајдов во мои колешки, кои од дизајнери на ентериер се префрлија на UX/UI дизајн

Денес ви ги пренесуваме искуствата на уште еден career changer, нашата студентка Александра од Академија за UX UI. За Академијата ќе каже дека најзначајно е да се има посветен предавач бидејќи само така можат успешно да се преквалификува некој.   Мотивацијата ја пронајдов кај доста мои колешки, кои од дизајнери на ентериер се префрлија на UX/UI дизајн […]
akademija za ux ui
09.01.2023

Денес ви ги пренесуваме искуствата на уште еден career changer, нашата студентка Александра од Академија за UX UI. За Академијата ќе каже дека најзначајно е да се има посветен предавач бидејќи само така можат успешно да се преквалификува некој.

 

Мотивацијата ја пронајдов кај доста мои колешки, кои од дизајнери на ентериер се префрлија на UX/UI дизајн

Creative Hub: Александра, вие во моментот работите како дизајнер на мебел, меѓутоа сега сакате да станете друг вид на дизајнер, односно UX/UI дизајнер, која ви е мотивацијата позади ова?

Александра: Мотивацијата ја пронајдов кај доста мои колешки, кои од дизајнери на ентериер се префрлија на UX/UI дизајн и кај мојот сопруг кој е програмер и како тоа функционира светот на програмерите и UX/UI дизајнерите.

 

Најзначајна за мене е посветеноста на менторот

Creative Hub: Колку е значајно да се има посветен ментор како Дејан Зафироски?

Александра: Тоа за мене е најзначајна работа, бидејќи оваа програма ја води еден професор и доколку тој не е посветен и се труди да ни го пренесе знаењето колку што е можно повеќе… ништо од нашето знаење на крајот од Академијата.

 

Најмногу се радувам на часовите во Figma, Adobe Illustrator, Photoshop и слично

Creative Hub: Кои од часовите ви оставија најголем впечаток?

Александра: Најмногу се радувам на часовите во Figma, Adobe Illustrator, Photoshop и слично. Бидејќи тука веќе почнуваме со нашата креативна работа.

 

Голем предизвик е да се учи UX/UI бидејќи доаѓам од слична професија

Creative Hub: Колку е предизвикувачки да се учи UX/UI ?

Александра: За мене е голем предизвик особено бидејќи имам зад себе професија која е на некој начин поврзана и креативна како и оваа.

 

Задоволна сум од вас од менторот и сега ми делува дека воопшто не е грешка мојата определба за нова професија

Creative Hub: За крај дали би ја препорачале академијата на оние кои сакаат да започнат да студираат UX/UI?

Александра: Да, секако дека би ја препорачала. Задоволна сум од ваша страна, од страна на професорот и сега за сега ми делува дека воопшто не е грешка мојата определба за нова професија.

 

 

Доколку ти се допадна интервјуто со Александра побарај не на 071 214 849 за да се информираш за Академија за UX UI.

На нашата веб страна можеш да симнеш видео од бесплатен курс како и да добиеш бонус предавање како да изградиш успешна кариера во UX UI, со регистрација на формата.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This