Марија Велковска е студент на Академијата за UX/UI дизајн која желбата и потребата од надоградба на нејзиното знаење како и плановите за промена на криера ја довеле до оваа Академија.
Марија веќе речиси 4 години се занимава со фотографија односно работи како фриленс фотограф, па затоа и нејзината пасија првично била насочена кон графички дизајн, но откако ја разгледала програмата на Академијата за UX/UI дизајн сфатила дека сепак тоа е вистинскиот избор за неа.
По 2-3 месеци детално истражување на програмите кои ги нудат сите академии на пазарот кои на понуда имаат Академија за UX/UI дизајн и собраните искуства таа го одбрала Creative Hub и смета дека направила добра одлука бидејќи е задоволна од самата програма и предавачите.
Во прилог прочитајте го интервјуто со Мaрија.
Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!
Марија: Јас сум Марија од Скопје и имам 24 години. Себе си се сметам за праведна, искрена и комуникативна личност. Сакам да запознавам нови луѓе и да учам нови работи. Имам завршено гимназија и факултет за родови студии на УКИМ.
Исто така имам слушано двонеделен онлајн курс за HTML & CSS. Веќе две години сум вработена во фирма за фотонапонски централи.
Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за UX/UI?
Марија: Желбата и потребата за надоградба на знаењето како и моите планови за промена на кариера, после темелно истражување ми дадоа сознание што би сакала да правам во животот, а да немам чувство дека работата ми е обврска. Мојата пасија беше првично насочена кон графички дизајн, но кога подетално ја осознав програмата и што точно се изучува на UX/UI Академијата, јасно ми беше дека тука припаѓам.
Creative Hub: Што ја издвојува UX/UI професијата за разлика од другите?
Марија: Според моето искуство, тоа што секој може да ги изрази своите вештини, знаења, способности и различниот начин на кој ги гледаме работите. Чуството на емпатија кое треба да го поседува еден дизајнер и дарбата да ги разбере потребите на клиентот треба да е присутно во форма на soft skills, бидејќи ние имаме обврска да се грижиме за тоа колку производот ќе биде лесен за навигација и употреба и од страна на корисниците на услугите.
Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Марија: Секако дека истражував, но уште од поодамна имав видено на инстаграм спонзорирана реклама за вас и ве заследив. Следно беше собирање на искуства и детално истражување на сите академии во Македонија кои имаа понуди за UX/UI дизајн. Следниот чекор беше одлуката, која падна на вас и и можам само да кажам дека сум задоволна со својот избор а и со програмата и предавачите. Се на се, целиот процес траеше 2-3 месеци.
Creative Hub: Дали го следевте бесплатниот курс со Александра и Иле – Вовед во UX UI? Доколку “Да“, тогаш каков впечаток Ви остави?
Марија: За жал не го слушав, но колегите од Академијата споделија доста позитивни искуства од подготвителната програма.
Creative Hub: Веќе 4 месеци сте дел од академијата, ги поминавте модулите за Photoshop, Illustrator и UX. Што успеавте да научите, кој модул ви беше најинтересен?
Марија: Модулите за Photoshop и Illustrator до сега ми беа најинтересни.
Creative Hub: Каков фидбек имате за менторот Иле?
Марија: Супер, забавен и професионален ментор!
Creative Hub: Какви проекти работевте по UX?
Марија: Секој од нас одбра проект, на кој што во текот на изработка во фокус требаше да ги задржи следните процеси: архитектура на информации, корисничко истражување, брендирање, визуелен дизајн и содржина.
Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн.
Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно се додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз вашето вработување?
Марија: Мене ќе ми влијае позитивно, затоа што сум сигурна дека ќе ми помогне во процесот на аплицирање и барање работа.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за UX/UI на некој друг?
Марија: Секако, веќе ја препорачав на двајца другари кои се запишаа во ново отворените ваши групи на академии.
Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?
Марија: Јас не би се преселила од Македонија, но би работела како фриленсер за странска компанија, доколку не најдам соодветна и добро платена работа за Македонска компанија.
Дали ти се допаѓа нашата нова програма во која покрај техничкото знаење со кое се стекнувате добивате и обука за вработување?
Секоја од академиите во Creative Hub почнува со обука за градење на личен бренд, а завршува со обука за вработување. Модули кои се изучуваат на Aкадемијата за UX/UI:
- User Experience
- User Interface
- User Centered Design
- Adobe Photoshop
- Adobe Illustrator
- Research Methods ( Competitive Analysis, Usability Testing, User Testing, Surveys)
- Digital Marketing Fundamentals
- HTML
- CSS
Во текот на Академијата студентите работа на 4 практични проекти.
Информирај се повеќе за програмата на 071 214 849 или закажи онлајн состанок ↙️