fbpx

Неформалното образование, според мене, отсекогаш било чекор понапред од формалното најмногу поради блискоста со учениците и поради директниот пристап.

Денес разговараме со Александра Милошеска, ментор на UX/UI Академијата. Она што е интересно за Александра е дека во 2019 беше и самата дел од UX/UI Академијата, и претставува вистински пример на посветеност, мотивираност и љубов кон професијата што може да се забележи од искуствата на поранешните студенти. Алексадра, Вие сте ментор на Забрзаната програма на […]
Lecturer Aleksandra - UX/UI Akademija
10.25.2022

Денес разговараме со Александра Милошеска, ментор на UX/UI Академијата. Она што е интересно за Александра е дека во 2019 беше и самата дел од UX/UI Академијата, и претставува вистински пример на посветеност, мотивираност и љубов кон професијата што може да се забележи од искуствата на поранешните студенти.

Алексадра, Вие сте ментор на Забрзаната програма на Академијата за UX UI, воедно сте и UX UI designer во Creative Hub. Кој е вашиот бекграунд и зошто се одлучивте за оваа професија?

Александра: Мојата првична професија како архитект ми даде одлични насоки, вештини и инженерско стратешко размислување кои ги доживувам како огромен плус во сета оваа приказна и кои (се надевам) одлично ги применувам во UX/UI дизајнот. UX/UI како една од стратешките важни позиции во најголемиот дел од фирмите денес, за мене е  секојдневен предизвик кој ме поттикнува да размислувам на креативни решенија за проблемите на корисниците (луѓето) со кои сите често се соочуваме. 

Она што за мене е особено интересно е истражувањето и поставувањето на идејни решенија кои на корисниците ќе им ја олеснат работата во дигиталните продукти, кои ние дизајнерите ги создаваме.

Дали може да издвоите некој елемент од кариерата на кој сте особено горди?

Александра: Во поглед на кариерно остварување се гордеам со сите мои досегашни достигнувања, но особено ме радува промената на професија и кариерното усовршување во полето на UX/UI дизајнот. Тоа најмногу се должи на можноста како UX/UI дизајнери да влијаеме на секојдневните навики на луѓето. Да го подобруваме нивното искуство при интеракција со сите електронски уреди и притоа да го подобриме функционирањето на човештвото.

Како се одлучивте за соработката со Creative Hub? Вие бевте најпрво студент, а сега после 2 години работа, сте и асистент на програмата.

Александра: Позитивното искуство при изучување на UX/UI дизајнот и сѐ што е поврзано со оваа струка токму во Creative Hub уште во 2019, ми влеа поттик и задоволство да учествувам и јас во целиот тој едукативен процес.

UX/UI Академија

Вие сте и ментор на Fast-track програмата, па би сакале да споделите со нас што ќе се работи на забрзаната програма?

Александра: На Академијата сум вклучена како асистент од декември минатата година. А од овој септември започнувам и како ментор на Забрзаната програма. Разликата со “Само Академија” и тоа што на забрзаната програма учесниците имаат (скоро) дупло зголемен број на часови. Тие часови се во форма на менторски сесии каде студентите работат на дополнителни задачи, имаат директен и лично скроен пристап на учење за секој од нив и работат на поголем број на проекти за разлика од стандардната програма на Академијата. 

Кога се креира дизајн, целта на крај е да имаме решение кое ќе конвертира посетители во клиенти. Нашата задача како UX/UI дизајнери е да направиме функционална веб страна, но за таа функционалност мораме да го разбереме и процесот на дигитален маркетинг и стратегијата на таргетинг и ретаргетинг, lead магнетите итн. Студентите на Забрзаната програма ќе го разберат и процесот на дигитален маркетинг и процесот на фронт-енд програмирање се со цел да изградат веб страни кои конвертираат.

Може ли да издвоите некој студент на кого сте особено горди?

Александра: Ова е можеби и најтешкото прашање тука. Искрено, не би можела да издвојам само еден студент, бидејќи скоро сите студенти кои се редовни на вежбите и кои успешно ги совладуваат задачите и проектите кои им се задаваат во текот на Академијата, се одлични! Верувам дека и мојот колега и предавач Иле ќе се согласи дека голем дел од нив веќе се подготвени самостојно да работат на проекти и задачи без потреба од дополнително водење низ процесите. Но, она што ме прави горда е тоа што со дел од студентите развивме не само менторски однос туку и дополнителни дружења во форма на посета на UX/UI настани, или неформални собири со бреинсторминг сесии каде главната тема е UX/UI дизајнот.

Што е она што сметате дека најмногу им е потребно на студентите да го научат Вашиот предмет UI?

Александра: Уште едно тешко прашање. Она што е најпотребно да го научат е гледање на примeри, конзистентност во работата и неоткажување (дури и во моментите кога е тешко). Тоа е подеднакво важно кога учиме и технички способности/алатки и визуелно описменување. Колку и да е мал секојдневниот труд и прогрес, кога сите тие мали напредоци и чекори ќе се соберат на едно место добиваме еден голем исчекор.

Зошто сметате дека Академиите како Creative Hub се добри? Како ова го промени начинот на учење?

Александра: Ух, ова е прилично опширна тема и јас сум голем поддржувач на неформалното образование, бидејќи знаењето што се стекнува на тој начин е најчесто знаење кое е акумулирано одреден временски период од луѓе кои се директно поврзани со индустријата и секојдневно се занимаваат со таа проблематика.

Ваквите неформални едукативни центри се одлични поради неколку аспекти. Првиот од нив е дека програмите брзо и лесно се прилагодуваат на напредокот на индустријата и ги следат најновите трендови. Вториот е дека работните групи се со ограничен број и притоа доволно време е посветено на секој од учениците и нивниот успех. Третиот е дека често сите ученици се лично мотивирани да учат и напредуваат во полето кое го избрале, а не се запишале само зашто тоа е наложено од околината. 

Неформалното образование, според мене, отсекогаш било чекор понапред од формалното најмногу поради блискоста со учениците и поради директниот пристап. Нема непотребни предмети за пополнување на часови често знаат да се само дефокусирачки од главната цел, нема строга авторитативна поставеност на професор/студент и нема строги стеги и норми при изразувањето на креативноста на учениците (за разлика од она што најчесто го нуди формалното). Програмите се skill-based, а учениците учат во реално време, со реални проблеми со кои се соочува полето во моментот. Ние на предавањата се стремиме да поттикнеме дискусија, критичко размислување кај студентите, изразување на личен став, согледување на она што е добро наспрема она што може да е подобро при работа со дизајн, како и да ги пренесеме најновите трендови и најновите алатки кои се користат во индустријата.

UX/UI Академија

На огласите за вработување се повеќе се бара апликантите да поседуваат практични вештини, кои вештини ќе ги стекнат студентите на Вашиот предмет?

Александра: Од практични вештини најмногу ќе научат како да ја користат Figma. Учиме од секојдневни примери, поставуваме хиерархија и организација на фајлови, учиме како да поставиме дизајн систем и како да го примениме истиот при секојдневната работа, како да ги направиме елементите лесно прилагодливи и како да си ги подобриме презентациските вештини, кои се од голема важност за еден дизајнер. Од оние „потешките“ вештини учиме како да најдеме заеднички јазик со девелоперите за да може меѓусебно да се разбереме полесно, колку и да е ова тешко понекогаш.

Доколку и ти сакаш да бидеш дел од следната група на UX/UI Академија која ќе започне во ноември, пријави се сега.

За да се регистрираш испрати маил на contact@creativehub.mk или исконтактирај не на 071 214 849.

 

 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This