UX/UI Quest: Победник на првиот предизвик – фидбек на дизајнот

Пред сè, ви благодариме на сите за учеството!  Сите решенија беа детално прегледани, но најмногу ни го привлече вниманието дизајнот испратен од Божидар Чурлиноски. Честитаме Божидар за одлично изработеното предлог-решение. Неговото решение беше детално прегледано и не можевме а да не забележиме дека отскокнува од сите други испратени дизајни.  Токму поради тоа, со огромна среќа […]
10.27.2021

Пред сè, ви благодариме на сите за учеството! 

Сите решенија беа детално прегледани, но најмногу ни го привлече вниманието дизајнот испратен од Божидар Чурлиноски. Честитаме Божидар за одлично изработеното предлог-решение. Неговото решение беше детално прегледано и не можевме а да не забележиме дека отскокнува од сите други испратени дизајни. 

Токму поради тоа, со огромна среќа соопштуваме дека неговото решение е победник на првиот ux/ui quest на Creative Hub!

Како резултат на тоа Божидар е добитник на ваучер од 200евра којшто ќе може да го искористи како попуст при запишување на нашата UX/UI Академија. 

Подолу, следуваат фотографии и краток осврт за дизајнот.

Она што ни се допадна

Генерално, страницата е одлично конципирана. Ги содржи сите неопходни елементи коишто беа очекувани да се појават на еден ваков сајт и што е уште поважно, разработени се повеќе сценарија, повеќе скринови, што укажува на посветеност и темелно истражување при поставување на дизајнот. Браво за посветеноста!

Она што дополнително му додава на вредност е тоа што е отидено чекор подалеку и сите елементи се довдени до она што се нарекува high-fidelity решение. Односно, освен идејната скица-решение графички е решен сајтот со бои, фонтови, лого и релевантни фотографии и описи за продуктите коишто потенцијално би се продавале на ваков сајт.

Совети за во иднина

Знаеме дека изборот на добар и читлив кириличен фонт знае да биде мисија само по себе, но кога станува збор за сајтови, најпрепорачливо е да се користат фонтови коишто се поддржани од Google fonts и притоа немаат украси, лесни се за читање за сите возрасни категории, како и за луѓе кои имаат потешкотии при читањето. Исто така треба да се избегнуваат ‘збунувачки‘ фонтови коишто буквите т, п, г и сл. ги интерптерираат чудно (пр.: ‘т‘ е налик ‘м‘ ракописно и сл).

Во однос на текстови и наслови, секогаш треба да се внимава насловите од иста важност да се иста големина на фонт (слика бр.1). Во истиов контекст, текстовите од наслов на картица и цена е би требало да се разликуваат по боја и големина, со што би се привлекло вниманието на онаа содржина што е поважна (слика бр.2).

При изборот на бои, исто така треба да се внимава со користењето на црвената боја бидејќи често се користи како боја која сигнализира погрешен чекор, погрешно упатување, неточен тескт и сл. Не е погрешно користењето на истата сè додека тоа е умерено и на соодветни места. Ова се однесува на црвените наслови кои може да доведат до помисла дека продуктот не е на залиха. 

Во однос на црвениот header, сметаме дека целиот header во оваа ситуација е излишен. Тоа е така поради моментот дека корисникот веќе има кориснички профил кадешто може да се сместени елементите од header-от за проверка на сите овие податоци, додека од друга страна визуелно одзема внимание, а сè што нуди се вишок податоци кои некогаш може само да го збунат корисникот. Дополнително – овие податоци ги има и во footer-oт.

Кога се пристапува кон поминималистичка вријанта на футер (како во овој случај), подобро е да ги има само најважните информации за компанијата за којашто се работи страницата, бидејќи, исто така ‘Мој профил‘ во случајов може само да ги збуни корисниците, особено ако не се искусни корисници.

Бонус препорака:

Секогаш внимавај на граматиката и на печатните грешки при изработка на идејни решенија. Пр.: Кошночкa, Слете не…

Сè на сè, Божидар, продолжи со работа и понатаму! Очиглено е дека твојот аналитичен пристап е веќе изострен, дека имаш око за детали и дека ‘ти лежи‘ дизајнот. Следно, едвај чекаме да се радуваме на твои успеси и во иднина.

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This