Во сабота на 25.02 одржавме работилница “Вовед во UX/UI дизајн” со менторот на Академијата Дејан. Овој настан имаше за цел присутните да ги воведе во светот на UX/UI дизајн. Тука самите добија шанса да се пробаат во улога на UX/UI дизајнери.
Знаеме дека изборот на професија не е воопшто лесен па затоа организираме ваков вид на работилници каде присутните одблизу може да се запознаат со основите на професијата и да видат дали е тоа е нешто кое би сакале да го работат. А на вас драги читатели кои не бевте во можност да присуствувате, да ви пренесеме што научивме на настанот.
Што е UX?
UX или user experience всушност претставува корисничко искуство.
Секој дизајн циклус почнува со запознавање на проблемот кој треба да се реши. Целта е да се пронајде начин како да се подобри искуството односно уживањето на корисниците додека го користат продуктот.
Како прва фаза е фазата на истражување во која дизајнерот го запознава корисникот чиј проблем треба да го реши. По оваа фаза следува концепт фазата во која се исцртуваат сите мисли и скринови на идната идната апликација или вебсајт. Цртежита можат да бидат во форма на обични скици на хартија или пак “lo-fi” или “hi-fi wireframes”.
Од тука се продолжува со дизајн фазата каде идеите на сите во тимот се преточуваат во нешто што почнува да личи на некаков продукт.
По сите овие фази доаѓа на ред и фазата на тестирање на продуктот на повеќе начини се додека не се дојде до вистинското и главното решение на проблемот кој треба да се реши.
Накратко UX би значело константно подобрување.
Што е UI?
UI или user interface претставува кориснички интерфејс.
Кориснички интерфејс е фазата во која се дизајнира визуелниот идентитет на продуктот. Откако UX дизајнерот ќе ги подготви wireframe-ите на сцена стапува UI дизајнерот. Тој може да направи емотивни фотографии, шик фонтови и живописни бои.
Задачи на UI дизајнерот се и дизајн системи, типографија, икони, хиерархија на бои и design language.
Како најбитно за корисничкиот интерфејс се издвојува конзистентноста на дизајн јазикот со дури 80% важност додека како помалку важни со 20% се издвојуваат интересните детали како анимации или интересни интеракции со корисниците.
Дизајнерите треба да се потрудат да корисничкиот интерфејс биде соодветен и за оние лица кои имаат одредени пречки уживаат во искуството со продуктот. Работи на кои треба да се обрне внимание се контрастот на самиот екран, сетирањето на боите и големината на фонтовите.
Совет што Дејан им го даде на присутните:„Сите алатки се учат и никогаш не се врзувајте за една алатка“
Што е User-Centered-Design?
Корисникот секогаш треба да е во центарот бидејќи вие го решавате неговиот проблем.
Првата и најважна фаза во креирањето на квалитетен продукт е истражување и анализа. Треба да се прават интервјуа со потенцијални или постоечки корисници и да се откријат нивните болки и фрустрации.
Откако ќе се направи истражување и анализа започнува фазата на идеација.
Една од потешките задачи со кои се соочува UX дизајнерот е креирањето на квалитетна навигација односно информациска архитектура. Уметноста во организирањето и именувањето на скриновите и категориите на веб – страните или апликациите.
Meтоди на истражување
Како методи за истражување се издвојуваат следните:
- Competitive analysis
- Usability testing
- User testing
- User interviews
- Surveys
- Card sorting
- A/B, Split, or Preference testings
- Focus groups
- Creating personas
Што ти треба за да бидеш солиден UX/UI дизајнер?
Неколку совети од нашиот ментор Дејан:
- Сочуствувајте со вашите корисници,
- Не се врзувајте за ниеден софтвер/алатка,
- Слушајте, примајте и давајте идеи,
- Работете бесплатно за некој ваш пријател или локална продавница за да го изградите вашето портфолио,
- Ако сакате да биде UX/UI дизајнери затоа што сте слушнале дека има пари во тоа, подобро не си го губете времето. Ниедна пасија не може да се купи со пари, а токму оваа професија е тоа!
Новата група на Академијата за UX/UI дизајн започнува на 4-ти април!
Со каков тип на диплома можеш да се стекнеш на оваа академија:
Национална диплома -Академијата е официјално акредитирана од Центарот за образование за возрасни и МОН.
ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.
Американска диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со Американска диплома.