Денеска разговараме со Александра Перкова, студент на UX/UI Академија. Александра ќе ни открие за нејзината мотивација и искуството со досегашните предавања на Академијата и зошто го избра Creative Hub. Проследете го целосното интервју.
Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?
Моментално сум невработена, студент сум на UX/UI Академијата на Creative Hub.
Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?
Со оглед на тоа што немав претходни знаења и искуства во оваа област пред да се запишам на Академијата, пред се очекувам да ги совладам техничките вештини. Секако и истражувачките и комуникациските вештини. Всушност, секое искуство плус, ќе значи приближување до посакуваната цел.
Која беше Вашата мотивација да се запишете на UX/UI Академијата?
Како сте задоволни од досегашните предавања?
Апсолутно сум задоволна од UX/UI Академијата, како од предавањата така и од feedback сесиите.
Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?
Да, всушност програмата е креирана за стекнување на практични знаења и тоа е она што најмногу ми се допаѓа. Во ова голем придонес имаат предавањата, но и континуираното извршување на домашните задачи.
Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?
Немам посетувано други Академии, а искрено и приклучувањето на оваа беше по малку импулсивно, што не е карактеристично за мене. Но, изборот што го донесов беше правилен.
Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?
Creative Hub го избрав затоа што со успешно завршување на Академијата се добива Европска диплома со ЕКТС кредити, предавањата се онлајн, а и тајмингот на почетокот на Академијата се вклопи со моите лични обврски. Дефинитивно би го препорачала на секој што сака да вложи во себе и да стекне практични знаења.
За сите оние кои размислуваат или планираат кариера во областа на UX/UI, спремивме Early Bird понуда за запишување на Академија. Оваа понуда важи до 15ти август.
За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.
Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за UX/UI која може да ја симнете на следниов линк.
За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.