fbpx

„Се чувствувам охрабрен да превземам поголеми одговорности“ – Благоја

Во денешното интервју запознајте се со Благоја Ристески, студент на UX/UI Академијата. Во продолжение ќе ни открие зошто се запишал на Академијата и какво е неговото искуство со истата. За почеток кажете ни нешто повеќе за Вас? Дали работите и каде работите? Моментално работам како графички дизајнер и по некој помал проект за веб дизајн […]
Blagoja student na UX/UI Akademijata
07.06.2022

Во денешното интервју запознајте се со Благоја Ристески, студент на UX/UI Академијата. Во продолжение ќе ни открие зошто се запишал на Академијата и какво е неговото искуство со истата.

За почеток кажете ни нешто повеќе за Вас? Дали работите и каде работите?

Моментално работам како графички дизајнер и по некој помал проект за веб дизајн на UpWork, а воедно сум и студент на UX/UI Академијата во Creative Hub.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Во однос на вештини кои би сакал да ги надоградам би го издвоил UX делот од Академијава и секако да ги надградам сите други вештини поврзани со UX/UI.
Early Bird на UX/UI Академија

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на UX/UI Академијата?

Пред се како што кажав мотивот ми беше да ги надоградам своите вештини, за да бидам уште подобар од тоа што сум сега. Но, мотивација и предизвик би рекол е и да се биде дел од тим како вашиот. Исто така импресивно е да се стекнуваат знаења од предавач како Иле и асистент како Александра. Таа ни помага во домашните задачи, секогаш е тука за нас за било што и да ни затреба.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Во врска со досегашните предавањатa на UX/UI Академијата би рекол дека се на највисоко ниво и сум многу задоволен од истите.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Секако, се чувствувам многу напреднат и охрабрен да превземам поголеми одговорности, исто така би додал дека предавачите безрезервно се залагаат за да ни помогнат и поддржат во истото.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Не сум посетувал други Академии, но направив истражување за она што најмногу ми одговара пред да го изберам Creative Hub.
Early Bird на UX/UI Академија

Регистрирај се!

За крај кажете ни зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

UX/UI Академијата на Creative Hub ја избрав бидејќи има поволности кои најмногу ми одговараа, секако и квалитетните предавања. Creative Hub го препорачувам на секој што би сакал да напредува на професионално поле и да ги надгради своите вештини.

За сите оние кои размислуваат за кариера во областа на UX/UI дизајн, спремивме Early Bird понуда за запишување на Академија. Оваа понуда важи до 15ти август. 

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за UX/UI. Примерокот може да го симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This