fbpx

Мотив да се запишам на UX/UI Академија ми беа искуствата од поранешните студенти – Димитар

Во денешното интервју разговараме со Димитар Димитровски од Скопје студент на UX/UI Академија. Димитар ќе ни открие какво е неговото искуство со Академијата и која е неговата мотивација да ја избере токму UX/UI Академијата. Димитар, кажи ни нешто повеќе за себе? Јас сум Димитар Димитриевски од Скопје, студент на UX/UI Академија на Creative Hub. А […]
Dimitar - UXUI Академија
06.17.2022

Во денешното интервју разговараме со Димитар Димитровски од Скопје студент на UX/UI Академија. Димитар ќе ни открие какво е неговото искуство со Академијата и која е неговата мотивација да ја избере токму UX/UI Академијата.

Димитар, кажи ни нешто повеќе за себе?

Јас сум Димитар Димитриевски од Скопје, студент на UX/UI Академија на Creative Hub. А моментално работам на меѓународниот аеродром во Скопје на шалтерот за информации.

Кои вештини ти беа потребни, а ги немаше до посакуваното работно место?

Вештини кои сакам да ги стекнам, а ги немам моментално би биле способност за истражување и аналитичко размислување како UX/UI дизајнер. Продуктивна комуникација и интеракција, поголема флексибилност и повеке слушање на своето истражување и мислењето на другите луѓе.

Која беше твојата мотивација да се запишеш на UX/UI Академија?

Мојата мотивација за да се запишам на UX/UI Академија беа многубројните успешни приказни од луѓето што ја завршиле оваа Академија. Исто така сакав да си ги збогатам моите знаења и вештини со што би ја зголемил мојата самодоверба.

Super Early Bird понуда на UX/UI Академија

Пријави се и искористи ја оваа понуда!

 

Како си задоволен од досегашните предавања?

Јас сум презадоволен од досегашните предавања, посебно од предавачите кои се трудат предавањата да бидат што е можно поинтерактивни. Се трудат да ни овозможат термини за вежби и домашни задачи кои ни одговараат на сите.

Дали на UX/UI Академијата добивате практично знаење и дали се чувствуваш охрабрен сам да работиш во оваа професија во иднина?

Сметам дека досегашниот материјал го имам добро совладано. Имам поголема мотивација да продолжам да се надоградувам за да можам  подоцна самостојно да работам како UX/UI дизајнер.

Дали имаш посетувано други Академии претходно и дали направи истражување на други опции пред да го избереш Creative Hub?

Претходно не сум посетувал друга Академија, а за Creative Hub дознав од социјални мрежи и се пријавив на бесплатниот воведен курс. На воведниот курс имав прилика одблиску да се запознаам со материјалот што подоцна ќе се обработува на Академијата за UX/UI дизајн.

Super Early Bird понуда на UX/UI Академија

Пријави се и искористи ја оваа понуда!

 

За крај кажи ни зошто го избра Creative Hub и дали би го препорачал на твоите пријатели?

Creative Hub го избрав бидејќи условите кои ги нуди ми одговараа најмногу. Во однос на тоа што нуди можност за плаќање на рати како и снимање на предавањата до кои имаме пристап во секое време. На мене тоа најмногу ми одговара бидејќи работам во три смени. Со задоволство би го препорачал Creative Hub не само на моите пријатели туку и на секој што е заинтересиран да изгради кариера или да се усовршува.

Доколку Ви се допадна овој пост и Ве натера да се подразмислите за вашата кариера. Независно дали сакате да направите промена во кариерата или пак сакате да се усовршите, ние спремивме одлична можност за Вас.

Спремивме Super Early Bird понуда за запишување на Академија, која важи до 15ти јули. Ова е одлична шанса да се запишете на Академија, а воедно и да заштедите 300 евра. За да се пријавите може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за UX/UI која може да ја симнете на следниов линк.

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This