Денеска запознајте се со Марија Стојковска, студент на UX/UI Академијата. Во продолжение причитајте какво е нејзиното искуство со предавањата, задоволството и мотивацијата да се запише на Академијата.
Кажете ни нешто повеќе за Вашиот background? Дали работите и каде работите?
По струка сум дипломиран професор по Филозофија. Филозофијата вечно ќе биде мојата прва љубов но да работам како професор не ми беше нешто што ме предизвикува и исполнува. Одреден период работев во малопродажба каде што стекнав комуникациски вештини. Но повторно и оваа работа не беше доволно креативна и предизвикувачка за мене. Во моментов сум невработена и целосно посветена кон Академијата. Во план ми е следната кариерна авантура да ми биде како UX дизајнер.
Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?
Верувам дека секоја вештина може да се научи со тек на време и сериозна посветеност. Но нешто што мене лично ми недостасува и не сум имала можност досега да го стекнам е работа и колаборација со тим. Сметам дека тоа е една од клучните вештини што се потребни за UX дизајн.
Која беше Вашата мотивација да се запишете на UX/UI Академијата?
Веќе одредено време ми требаше голема промена во мојот живот на кариерно поле. Благодарение на препорака од пријател решив да го истражам светот на UX дизајнот. Уште од првиот момент се заљубив во сето тоа што го нуди и бара оваа професија. Затоа решив да запишам Aкадемија бидејќи немам дизајнерска позадина и ми беше тешко да одржам мотивација без притоа да имам feedback и било какви видливи резултати.
Како сте задоволни од досегашните предавања?
Навистина сум премногу задоволна од самите предавања на UX/UI Академијата но и од посветеноста и начинот на којшто се цени трудот во Академијата. Нешто што многу ме изненади е пред се искрената грижливост кон успехот и напредокот на студентите што ја чувствувам од страна на тимот на Creative Hub. Тоа ми дава огромна мотивација да се трудам и да дадам максимум од себе и своите способности.
Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?
Скоро се што учиме на Академијата за UX/UI дизајн е практично применето преку изработка на проекти за портфолио. Како и изучување на дизајнерски алатки преку изработка на домашни задачи. Реално во светот на дизајнот и не ни може поинаку но, колку време и труд ќе се вложи во сето тоа зависи од нас самите. Како што поминува времето, со секој нареден час и со секоја изработена домашна се повеќе расне мојата самодоверба. Се повеќе сум уверена дека сонот да бидам дизајнер станува полека реалност и тоа е нешто за коешто сум највеќе благодарна на самата Академија.
Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?
Немам посетувано друга Академија. Пред да се запишам ги разгледав веб страните на другите Академии. Но со Creative Hub веќе бев лично запознаена благодарение на бесплатниот UX/UI курс.
Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?
Координаторот Стојанчо играше голем удел во тоа да ја донесам конечната одлука и да се запишам на Академијата. Но, тоа што највеќе ме привлече кон Creative Hub е тоа што веќе се чувствував како да сум дел од нив благодарение на присуството и пренесеното знаење од бесплатниот курс. Токму тука се убедив дека оваа Академија би била вистинскиот избор за мене. Исто така голем удел имаше и тоа што само во оваа Академија се нуди Европски сертификат со ЕКТС кредити.
Веќе им го препорачувам Creative Hub на своите пријатели и се надевам дека ќе успеам да убедам некого од нив да се запише на една од Академиите и самите да се уверат во ефикасноста и можностите што се нудат.
Се надеваме дека оваа приказна на Марија Ве мотивираше да размислите за Вашата кариера. А доколку планирате кариера во областа на UX/UI, ние имаме Last Minute понуда со за Вас со ваучер од 100 евра. Оваа понуда важи само за регистрации и уплати на прва рата до 15ти септември.
За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.
За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.