fbpx

„UX/UI design е една од најкреативните IT гранки“ – Марија

Во денешното интервју запознајте се со Марија Папазова, студент на UX/UI Академијата. Во продолжение прочитајте за одлуката на Марија да се запише на Академијата и искуството со досегашните предавања. Кажете ни нешто повеќе за себе, каде работите? Моментално сум вработена во Aitonix AD и мојата работна позиција е како Product Manager. Во фирмава сум релативно […]
Марија студент на UX/UI Академија
07.20.2022

Во денешното интервју запознајте се со Марија Папазова, студент на UX/UI Академијата. Во продолжение прочитајте за одлуката на Марија да се запише на Академијата и искуството со досегашните предавања.

Кажете ни нешто повеќе за себе, каде работите?

Моментално сум вработена во Aitonix AD и мојата работна позиција е како Product Manager. Во фирмава сум релативно понова, односно околу 8-9 месеци. Воедно сум и студент на UX/UI Академијата на Creative Hub.

Кои вештини Ви се потребни, а ги немате до посакуваното работно место?

Би сакала да работам како UX/UI designer и вештините кои што би сакала да ги имам се сите оние кои што се барани за индивидуална личност да може да најде работа со таа IT гранка и да се чувствува сигурно да работи самостојно. Не сум одлучила сеуште дали сакам да работам како freelancer или во фирма. Меѓутоа со оглед на искуството што може да се здобие во фирма и работа со група, мислам дека целта ми е промена на работното место и позицијата.

Last Minute понуда на UX/UI Академија

Регистрирај се!

Која беше Вашата мотивација да се запишете на UX/UI Академијата?

Мотивацијата беше бидејќи сметам дека UX/UI design е една од најкреативните IT гранки, каде што би можела да ја истакнам мојата креативност, а воедно и е доста барана работна позиција низ светов.

Како сте задоволни од досегашните предавања?

Од досегашните предавања на UX/UI Академијата сум супер задоволна, имаме и домашни и вежби. Менторите се трудат своето знаење да ни го пренесат во целост.

Дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Да, добиваме практично знаење на Академијата. Во иднина секако би работела сама во оваа професија, но засега се уште има за учење.

Дали сте посетувале други Академии претходно и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Не сум посетувала друга Академија досега. Во врска со истражувањето, да дефинитивно истражував на интернет пред да ја донесам конечната одлука.

Last Minute понуда на UX/UI Академија

Регистрирај се!

Зошто го избравте Creative Hub и дали би го препорачале на Ваши пријатели?

Creative Hub имаше многу позитивни рецензии и препораки и исто така при консултација со вработени од Creative Hub страна добив многу информации и затоа Ве одбрав вас. И да, дефинитивно би Ве препорачала на секого кој планира да промени кариера.

Сите оние кои размислуваат за кариера во областа на UX/UI, можат да ја искористат Last Minute понудата за запишување на Академија која трае до 15ти септември. 

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за UX/UI која може да ја симнете на следниов линк.

За повеќе вакви приказни може да прочитате на нашиот блог.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This