fbpx

Се чувствувам охрабрена да работам во иднина како UX/UI дизајнер – Симона

Денеска разговараме со Симона Цветковиќ, студент на UX/UI Академијата на Creative Hub. Во продолжение погледнете го целосното интервју, за нејзиното искуство со предавањата и мотивацијата да ја избере UX/UI Академијата. За почеток кажете ни нешто за вас? Јас сум Симона, студент на UX/UI Академијата на Creative Hub, но воедно и мајка. Моментално сум невработена, како […]
UX/UI student Simona
06.22.2022

Денеска разговараме со Симона Цветковиќ, студент на UX/UI Академијата на Creative Hub. Во продолжение погледнете го целосното интервју, за нејзиното искуство со предавањата и мотивацијата да ја избере UX/UI Академијата.

За почеток кажете ни нешто за вас?

Јас сум Симона, студент на UX/UI Академијата на Creative Hub, но воедно и мајка. Моментално сум невработена, како и сите мајки што останаа да ги чуваат своите бебиња дома и ја изгубија работата поради Ковид ситуацијата. Инаку претходно бев вработена во автомобилската индустрија.

Дали имавте претходни познавања од UX/UI пред да се запишете на Академијата и како ја замислувате вашата идна работа?

Пред да се запишам на UX/UI Академијата, немав претходни познавања од оваа област. Вештините полека ги совладувам од часовите како иден UX/UI дизајнер. Мојата иднина моментално си ја замислувам со работа од дома, што сметам дека е најдобро бидејќи ќе можам да се грижам и за моите деца.

Super Early Bird понуда на UX/UI Академијата

Искористи ја понудата!

Која беше Вашата мотивација за да се запишете на UX/UI Академијата?

Мојата мотивација дојде од тоа да научам нови вештини кои ќе ми помогнат да си ја остварам мојата цел. Да пронајдам работа што ме исполнува и да си го променам животот на професионален план.

Како сте задоволни од предавањата на Академијата?

Презадоволна сум од досегашниве предавања. Предавањата се мошне интересни и ни се обрнува доволно внимание да видиме и самите до кај сме и како напредуваме. 

Дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Да се чувствувам охрабрена да работам во иднина на ова поле иако е нешто ново за мене. Сметам дека доста работи научив во текот на предавањата иако има уште за учење. Стекнатите знаења ќе можам да ги применам во иднина како UX/UI дизајнер.

Дали претходно сте посетувале други Академии и дали направивте истражување на други опции пред да го изберете Creative Hub?

Претходно немам посетувано други Академии. Правев истражување повеќе околу програмата што ја изучувам сега. UX/UI Академијата на Creative Hub ја добив како препорака од пријател, кој веќе беше при крај со програмата. Исто така  присуствував и на пробен час за да видам како би се снашла во целиот процес што искрено многу ми се допадна.

Super Early Bird понуда на UX/UI Академијата

Искористи ја понудата!

За крај што им препорачувате на оние кои размислуваат за промена на кариерата или сакаат да се усовршат?

Creative Hub им го препорачувам на сите што сакаат да променат професија или пак сакаат да се усовршат. Со сигурност можам да кажам дека нема да погрешат доколку се запишат на Академија. Јас го направив мојот избор и сум презадоволна, направете го и Вие.

Доколку Ви се допадна овој пост и Ве натера да се подразмислите за вашата кариера. Независно дали сакате да направите промена во кариерата или пак сакате да се усовршите, ние спремивме одлична можност за Вас.

Спремивме Super Early Bird понуда за запишување на Академија, која важи до 15ти јули. Ова е одлична шанса да се запишете на Академија, а воедно и да заштедите 300 евра. За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

Но, ова не е се за Вас имаме и подарок, Бесплатна Е-книга за UX/UI која може да ја симнете на следниов линк.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This