UX UI Таленти во подем – Антониј Ацески

 Запознајте го Антониј Ацески нашиот талент во подем на Aкадемијата за UX / UI Денес разговаравме со Антониј од Прилеп, студент на Академијата за UX UI. Антониј беше избран од менторот Иле Петрушев, како студент на месецот. Во прилог ви го пренесуваме фидбекот на предавачот: Антониј се фокусира на креативноста и различните начини на кои […]
UX/UI Design Student
01.04.2022

 Запознајте го Антониј Ацески нашиот талент во подем на Aкадемијата за UX / UI

Денес разговаравме со Антониј од Прилеп, студент на Академијата за UX UI. Антониј беше избран од менторот Иле Петрушев, како студент на месецот. Во прилог ви го пренесуваме фидбекот на предавачот:

Антониј се фокусира на креативноста и различните начини на кои може да постигне успех. Со други зборови, тој се посветува повеќе на решавање на проблемот со создавање инспиративни идеи. Тој прави повеќе од она што се бара од него и лесно се прилагодува на промените во професијата

 Избрав UX UI поради креативноста и стратегијата во професијата

UX/UI Project Design Antonij

UX/UI Project Design Antonij

Aнтониј ја избрал Академијата за UX/U  во Creative Hub поради тоа што сакал да се  преквалификува во  UX UI дизајнер. Причината е што не бил задоволен од студиите по информатика на Факултетот во Битола.

Во прилог го пренесуваме интервјуто помеѓу Андреј од Академијата за Дигитален маркетинг и Антониј, студент на месецот.

Андреј: Kакво беше твоето искуство како студент? Кој беше најголемиот предизвик со кој се имаше соочено и како успеа да го надминеш?

Антониј: Големо е задоволството да се биде дел од Академијата Creative Hub. Академијата ми овозможи квалитетен професионален развој во полето на UX/UI Design. Најтешко ми беше да го совладам делот на User Experience. Меѓутоа истиот беше надминат благодарение на високата професионалност на Иле Петрушев.

Академијата ги надмина моите очекувања

Андреј: Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за UX/UI дизајн. Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Антониј: Пријатно бев изненаден од пристапот на сите предавачи на Академијата. Тие го препознаа мојот талент и желба за преквалификација. Можам да кажам дека Академијата ги надмина моите очекувања. 

Андреј: Што би им препорачал на сите оние коишто сакаат да направат кариерна промена во сферата на UX/UI дизајнот?

Антониј: Да не се откажуваат на првата препрека во текот на работата, бидејќи Академијата им нуди целосна поддршка.

Андреј: Што значи да се биде добар UX/UI дизајнер?

Антониј: Можам да кажам дека добриот UX/UI дизајнер допира до сите сетила на корисникот. 

Андреј: Која е најважната лекција што ја научи на Aкадемијата?

Антониј: Според мене најважната лекција што ја научив од Академијата е односот помеѓу корисникот и продуктот.

Андреј: Кој модул ти беше најинтересен?

Антониј: Најинтересен модул за мене беше модулот на дефинирање и идеализација за потребите на корисникот.

Трпението е клучот до успехот

Андреј: Кое е твоето мото кое те води низ животот?

Антониј:Ако не пробам нема да згрешам, но доколку не згрешам нема да научам.

За крај Антониј ни препорачува да не се откажуваме и доколку сакаме да се преквалификуваме да го направиме тоа денес.

За повеќе успешни приказни, кликнете на https://creativehub.mk/blog/ .

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This