Важноста на дигиталниот маркетинг за една компанија

Дигиталниот маркетинг стана една од најважните стратегии за постигнување на поголем успех на една компанија, без разлика дали станува збор за мали средни или големи компании.
Важноста на дигиталниот маркетинг
05.10.2021

пишува Ивана Танеска, Академија за дигитален маркетинг

Дигиталниот маркетинг стана една од најважните стратегии за постигнување на поголем успех на една компанија, без разлика дали станува збор за мали средни или големи компании.

Јасно е дека во денешниот дигитален свет, потрошувачот го бара она што го сака  преку Интернет. Без оглед на производот или услугата што ги бараат, тие првично ќе го започнат своето пребарување на Google. Доколку воопшто немате присуство на Интернет, нема да ве најдат и ќе изгубите значаен дел од потрошувачите кои ќе се одлучат за вашата конкуренција.

Со одлуката за градење на вашиот бренд преку Интернет заштедувате време и пари, а покрај тоа ќе добиете и директен канал за комуникација со целната група на клиенти.

Вашите клиенти се онлајн

Повеќе луѓе го поминуваат своето време на Интернет. Над 4.66 милијарди луѓе во светот користат Интернет. Тоа е речиси 60% од светската популација. Интернетот стана составен дел од нашите животи – од проверка на социјалните мрежи и барање на информации преку интернет пребарувачите, до купување на производи и услуги.

Имајќи ги во предвид сите овие податоци, се поставува прашањето зошто дигиталниот маркетинг е важен за бизнисите кои сакаат да бидат компетитивни во новата ера? 

5 причини за важноста на дигиталниот маркетинг за една компанија

Достапност

Дигиталниот маркетинг е значително поевтин од другите маркетинг методи. Цените варираат врз основа на она што го правите, и имаат тенденција да бидат пониски од другите форми на маркетинг.

Флексибилност

Постојат многу форми на висококвалитетен дигитален маркетинг, вклучувајќи рекламни банери, маркетинг по е-пошта, content маркетинг и објави на социјални медиуми. Така, учејќи како креативно да се рекламирате дигитално, отворате широк спектар на можности за идни стратегии за публицитет. Со дигиталниот маркетинг, имате флексибилност  за тестирање и навремено запирање на кампањите кои лошо перформираат. 

Мобилен пристап

Според Статиста бројот на корисници на паметни телефони станува се поголем. Бројот на корисници во 2021 е 3.8 милијарди, и истата се предвидува да порасне до 4.3 милијарди во 2023 година. Покрај ова, корисниците ги користат паметните телефони за социјални медиуми и безброј други активности. Дигиталниот маркетинг  ви помага да допрете до потенцијалните купувачи cо рекламирање, маркетинг преку е-пошта, пораки на социјални медиуми, итн. 

Интерактивност

Дигиталниот маркетинг ви овозможува директно да комуницирате со клиентите кои ја гледаат вашата содржина, особено преку коментари на веб-страници, пораки, прегледи и објавување на социјалните мрежи. Исто така ви овозможува да соберете непроценливи информации за реакциите и преференциите на клиентите.

Следење на вашите клиенти

Покрај комуникацијата со клиенти, дигиталниот маркетинг ви овозможува да ги следите нивните активности. Може да следите кои реклами и видови содржини ги виделе кратко време пред да купат. Ова ви кажува кои методи на маркетинг се најефикасни, овозможувајќи ви да ја подобрите вашата стратегија.

Пример на успешни компании кој креативно го користат дигиталниот маркетинг

Airbnb

Airbnb започна активно да го користи маркетингот на социјалните мрежи.Тоа им помогна да добијат масовно зголемување на  бројот на следбеници. Со користење на социјалните медиуми, тие испраќаат јасна порака за својот бренд.

Компанијата Airbnb е активна на речиси сите платформи на социјалните медиуми. Во моментот на пишување на овој блог пост, на Фејсбук, имаат повеќе од 16 милиони следбеници. Тајната на нивниот успех е постојано објавување на корисна и привлечна содржина за да ги заинтригира корисниците и да пробуди интерес.

Слично на тоа, на Инстаграм, Airbnb објавува постови создадени од самите корисници. Тие ги објавуваат сликите кои нивните клиенти ги споделуваат со користење на хаштагот #airbnb и на тој начин прикажуваат автентична и уникатна содржина. 

На Јутјуб, тие поставуваат видеа од патниците кои патуваат на места во соработка со Airbnb и од домаќините кои соработуваат со Airbnb. Генерално нивната стратегија за дигитален маркетинг се потпира првенствено на слики и видеа генерирани од корисници на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб.

L’Oréal 

L’Oréal Paris започна истражувачки проект со цел да докаже дека жените се еднакви со мажите кога станува збор за лидерски способности. Всушност, тие откриле дека жените се уште подобри.

Истражувањата покажаа дека 91,4% од  управните одбори во Германија се составени од мажи. Тие со оваа кампање сакаа да ја подигнат свеста за што повеќе вработување жени на лидерски позиции. 

Слоганот на нивната кампања гласи:

“This is an ad for men”, “Hire more women for leadership roles. We’re worth it.”

Со оваа реклама тие привлекоа доста внимание на многу познати портали и списанија кои ја пренесоа нивната порака. Покрај ова кампањата привлече огромно внимание и на социјалните медиуми.

Сакате да бидете дел од некоја ваква успешна приказна? Доколку саката да ги унапредите вашите вештини или да го трансформирате вашиот бизнис, погледнете ја програмата што Академијата за дигитал маркетинг и акаунт менаџмент ја нуди за вас и вашата компанија.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This