fbpx

Менторите помагаат да се здобиеме со вештини, ја зголемуваат нашата љубопитност и желба за раст во кариерата

Емилија нашиот студент на Академијата за фронт-енд програмирање работејќи на повеќе различни позиции стекнала и некои клучни вештини како комуникација и ефективно решавање на проблеми додека работела како професор, а важноста на прецизноста и вниманието кон деталите ги научила работејќи како сметководител, па затоа ја заинтересирало и го одбрала фронт-енд програмирањето како нешто што и […]
11.09.2023

Емилија нашиот студент на Академијата за фронт-енд програмирање работејќи на повеќе различни позиции стекнала и некои клучни вештини како комуникација и ефективно решавање на проблеми додека работела како професор, а важноста на прецизноста и вниманието кон деталите ги научила работејќи како сметководител, па затоа ја заинтересирало и го одбрала фронт-енд програмирањето како нешто што и дозволува да ги искористи веќе стекнатите вештини.

12 месеци до јуниор фронт-енд девелопер!

12 месеци предавања + 1 месец реални проекти + 2 недели курс за вработување + стажирање и гарантирана работа

 

Какво е досегашното искуство на Емилија на Академијата за фронт-енд програмирање прочитај во прилог.

Желбата за континуиран раст и развивање на моите вештини ме насочи кон различни патеки во кариерата

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Емилија: Јас сум дипломиран професор по англиски јазик и книжевност. Многу сакам да читам и учам нови работи, па таа желба за континуиран раст и развивање на моите вештини ме насочи кон различни патеки во кариерата. Сум работела како професор по англиски јазик, преведувач, што и работам во моментов, а сум работела и како сметководител. Иако немам некое претходно искуство во програмирањето и општо технологијата, ме интересира оваа област и сум отворена за промената што ја наси и адаптацијата што ја бара за да може да се совлада материјалот.

 

Фронт-енд програмирањето ми дозволува да ги искористам моите веќе стекнати вештини и да ги насочам кон полето на технологијата

Creative Hub: Што е она што ве привлече кај оваа професија?

Емилија: Моето искуство како професор ме научи на комуникација и ефективно решавање на проблеми а моето искуство како сметководител ме научи колку е важна прецизноста и вниманието кон деталите. Па затоа фронт-енд програмирањето ме заинтересира и ми изгледаше како нешто што ми дозволува да ги искористам моите веќе стекнати вештини и да ги насочам кон полето на технологијата, поточно креирање user-friendly веб страни.

 

Научив дека програмирањето не мора да биде само кодирање

Creative Hub: До сега ги имате поминато модулите HTML/CSS и Bootstrap. Кои 5 важни работи ги научивте на овие модули?

Емилија: Преку следење на модулите HTML/CSS и Bootstrap се подобрија моите вештини за решавање проблеми преку, како прво, вежбање на научениот материјал, а потоа и дебагирање на проблемите што се појавуваа. Научив и дека програмирањето не мора да биде само кодирање, туку исто така е и креативна работа, т.е. многу важен дел од фронт-енд прграмирањето е дизајнот на елементите и како тоа да се изведе за да е подобро за корисниците. Преку Bootstrap научив како на поефикасен начин да се изработи веб страната, а во исто време и како таа страна да биде респонзивна, односно да може се адаптира на различни екрани без губење на квалитетот. И сето ова ми даде солидна основа во фронт-енд програмирањето  за да можам понатаму да се надоградувам.

 

Комплексен материјал објаснет на едноставен начин преку реални примери

Creative Hub: Ментор на овие модули е Саше Митковски. Како би ги опишале неговите предавања и дали сте задоволни од Саше како ментор?

Емилија: Саше е супер ментор и моето искуство со него е одлично. Тој знае како комплексниот материјал да го објасни на едноставен начин и да го приближи до нас преку реални примери со кои би се среќавале во иднина. Атмосферата на часот беше опуштена и отворена и сите имавме можност, дури и бевме охрабрени да прашуваме и да се обидуваме повеќе пати, што мислам дека дополнително ја зголеми нашата заинтересираност за оваа работа.

 

  Аплицирај за Super Early Bird цена овде. 

Понудата важи до 30 ноември!

 

Креативност во решавање на проблеми

Creative Hub: По завршувањето на модулите HTML/CSS и Bootstrap имавте задача да креирате статичка веб страна. Ќе можете ли да ни опишете како изгледаше целиот процес и каков беше фидбекот од менторот?

Емилија: Процесот на креирање на веб страната започна со дизајнот кој го добивме од студентите на UX UI Академијата. Саше детално ни објасни што се бара од нас и потоа имавме период во кој можевме да работиме. За време на тој период сите студенти можеа да си помагаат едни на други, да поставуваат прашања за делови каде што можеби ‘заглавиле’ или нешто што не им било јасно, со што се зголеми соработката и креативноста во решавање на проблемите. Потоа имавме презентација на сработените проекти каде секој го презентираше своето решение и за тоа добивме фидбек од страна на менторите. Тоа беше интересен процес и ни помогна да научиме како може да го подобриме нашиот код, да го направиме поедноставен и побрз, а во исто време имавме можност и да видиме како другите го сработиле истото. Тоа беше супер, затоа што преку гледање на другите решенија ни се прошири перспективата, креативноста и начинот на размислување при работа во фронт-енд програмирањето.

 

Вежбите се многу важен дел од целото учење

Creative Hub: Покрај предавањата што ги имате во текот на неделата имате и дополнителни вежби секоја сабота со асистентот Никола. Колку сметате дека овие вежби се важни за усовршување на она што се учи во текот на неделата?

Емилија: Вежбите што ги имаме со Никола се одличен начин да го разбереме материјалот што го учиме и дополнително да извежбаме како би ги користеле стекнатите знаења во различни ситуации. Никола е тука за да не насочи во решавање на вежбите, но и во исто време ни ги дообјаснува концептите и дури и ни дава простор за учење и на сосема нови идеи и концепти. Може да се каже дека вежбите се еден вид на дополнителни часови со плус нов материјал и тие се многу важен дел од целото учење, што не треба да се изостави.

 

Менторите ни ја зголемуваат нашата љубопитност и желба за раст во кариерата

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?

Емилија: Моето искуство со Академијата е одлично. Квалитетот на инструкциите, менторите и целата атмосфера се на високо ниво и не само што ни помагаат да се здобиеме со важни вештини, туку и ја зголемуваат нашата љубопитност и желба за раст во кариерата. Дефинитивно би ја препорачала Академијата на секој што го интересира фронт-енд програмирањето.

 

Закажи состанок со поранешен студент и прашај сѐ што те интересира.

           

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This