fbpx

Вовед во човечки ресурси- Час 1

На 4 април (вторник) се одржа првиот час од бесплатниот курс „Вовед во човечки ресурси“ со Аријана Коскарова, ментор на Забрзаната програма на Академијата за човечки ресурси. Што ги мотивираше присутните да го посетат овој воведен курс за човечки ресурси? Дел од нив одговорија: Сакам да се запишам на Академија за човечки ресурси, но сакам […]
вовед во човечки ресурси
04.05.2023

На 4 април (вторник) се одржа првиот час од бесплатниот курс „Вовед во човечки ресурси“ со Аријана Коскарова, ментор на Забрзаната програма на Академијата за човечки ресурси.

Што ги мотивираше присутните да го посетат овој воведен курс за човечки ресурси?

Дел од нив одговорија:

  • Сакам да се запишам на Академија за човечки ресурси, но сакам прво да се запознаам со некои базични работи
  • Сакам да променам кариера
  • Сакам да видам дали ќе се пронајдам себе си во оваа професија
  • Сакам да се надоградам со знаење и сметам дека би ми помогнало во мојата професија како лидер на тим
  • Сметам дека е динамична и интересна работа да им се подобри атмосферата на вработените и да им се помогне во успехот на компаниите
  • Сакам да се надоградам со знаење во човечки ресурси, имам само основно познавање
  • Запишан сум на втор циклус на отсекот менаџмент на човечки ресурси, сакам да се надоградам и да слушнам повеќе искуства надвор од универзитетското школување

Една личност која работи во HR треба да биде добар комуникатор, зошто?

Човечки ресурси е професија на комуникација затоа што сите проблеми во компанијата кои ги решава еден менаџер за човечки ресурси се базираат на луѓето. Со вистинска и правилна комуникација можеме да ги мотивираме луѓето, можеме да ги натераме да ги увидат грешките и може да изменаџираме конфликти.

Сите сме различни!

Сите луѓе во компанијата се различни, не секој го мотивира исто нешто. Вие како HR треба да имате процеси кои ќе бидат еднакви и апликативни за сите, но сепак секогаш треба да трегнете од тоа дека сите ние сме различни и имаме различни мотивации. Некој го мотивира поголема плата, некој повисока позиција, некој го мотивира личен раст, а некој пак повеќе денови за одмор. Тоа треба да биде почетна точка во делот кога се креираат сите HR процеси во компанијата.

Што сè треба да знае една личност што работи во одделот за човечки ресурси?

Сите овие знаења односно hard skills ги поделивме на три дела:

Човечки ресурси

Потребно е да се има познавање од правните и финансиските аспекти, процесот за мерење на перформансот на вработените, како да ги мотивирате вработените, познавање на onboarding процесот, HR business partner, people analytics и да знаете да креирате целосна HR стратегија.

Регрутација

Hard skills вклучени во овој дел се истражување на пазарот, скрининг на кандидати, познавање на sourcing процесот, headhunting, креирање на понуди за работа и затварање на кандидати, IT process recruitment и регрутирање на кандидати на C-level позиции.

Лидерски вештини

Следните вештини се вештини кои се изучуваат само на Забрзаната програма, а спаѓаат под лидерски вештини и тоа се coaching, развој на жени лидери, employer branding, процес на хибридна регуртација, поставување на тимот за успех и развој на лидери 1-2.

Денес продолжуваме со вториот час од бесплатниот курс „Вовед во човечки ресурси“.

Доколку не успеа да се приклучиш на овој курс те покануваме на вториот бесплатен курс на тема мотивација на вработените со Славица Тасева, предавач на Академијата за човечки ресурси.

Курсот ќе се одвива онлајн на 10 и 11 април од 18 до 19 часот.

За курсот регистрирај се овде  👇

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This