fbpx

Вовед во HTML & CSS – Час 5

По 5 дена од бесплатниот курс за фронт-енд “Вовед во HTML & CSS”  со Никола Тасиќ голем дел од присутните сфатија дека фронт-енд е нешто што тие би можеле и сакале да го работат во иднина и смер во кој сакаат да ја градат својата кариера. За 2 недели од сега ќе имаме гостин предавач […]
HTML
02.28.2023

По 5 дена од бесплатниот курс за фронт-енд “Вовед во HTML & CSS”  со Никола Тасиќ голем дел од присутните сфатија дека фронт-енд е нешто што тие би можеле и сакале да го работат во иднина и смер во кој сакаат да ја градат својата кариера.

За 2 недели од сега ќе имаме гостин предавач од Microsoft кој е Full Stack Engineer и ќе биде предавач на Академијата во Америка, Мајами, но исто така тој и ќе одржи предавање за студентите во Македонија и Косово. Студентите ќе добијат можност да постават прашања и да дознаат како изгледа да се работи во Microsoft, како воопшто да добиете работа таму како и како се движат платите.

Како и на останатите часови така и на овој последен час се започна најпрво со дискусија за домашните задачи односно се дискутираше колку успешно се завршени домашните задачи.

CSS- Background

Ова проперти се користи за да се сетира позадина на одреден елемент и е поделено во повеќе пропертија. Поделбата е следна:

1. background-color

2. background-image

3. background-repeat

4. background-attachment

5. background-position

CSS- Background image

Background-image пропертито ја дефинира сликата која ќе се користи како позадина на одреден елемент. По дифолт сликата се повторува онолку пати колку што е потребно за да го покрие целиот елемент и таа може да се повторува и хоризонтално и вертикално.

Div тагот секогаш треба да има некоја фиксна висина затоа што небитно колкави се пикслите на сликата Div-от нема да се прошири. Ако сакате да имате празен Div само со позадинска слика мора во класата да се додаде и висина на тој Div елемент.

Background-repeat; no-repeat се користи за да одредите дали сакате сликата да се повторува или не.

Background- size:cover се користи за доделување на големина на позадината односно на сликата.

Background- position: center се користи за да се одреди каде сакате да ја позиционирате сликата (лево, десно, долу, горе, во центар).

Background- attachment

Овој property е не толку користен property. Ако на некоја позадина се додаде background-attachment: scroll во внатрешниот скрол додека скролате сликата е фиксна односно не се менува, додека доколку скролате на надворешен скрол или скрол на страна ќе се скрола заедно со целиот Div.  Ако background-attachment е fixed тогаш сликата е секогаш иста односно скролате на страната а позадинската слика останува на исто место. Background-attachment: local на овој начин кога скролате во внатрешноста или локално се менува позадината.

Може да се користат и комбинации од background-attachment: local, scroll и комбинација од background-attachment: scroll, local.

 

HTML

Запиши се сега!

CSS- Fonts

Најкористени CSS пропертија за манипулација на текстот се:

  1. font-family
  2. font-weight
  3. font-size

Кога станува збор за font-family пропертито треба да имате на ум дека покрај фонтот што го сакате и првично ќе го одберете треба да имате и backup фонтови во случај пребарувачот да не го поддржува прво избраниот фонт да искористи некој од другите backup фонтови.

Font-weight се однесува на тоа да одберете на пример дали сакате текстот да биде bold.

За font- size добро е да се знае дека дифолтната големина на фонтовите во сите пребарувачи е 16 пиксели. Исто така битно е секогаш да се користат соодветните HTML тагови како <h1> – <h6> за headings и <p> за параграфи.

CSS- Margins

Се користат за да се стави простор околу елементите, надвор од дефинираните рамки. CSS има пропертија за специфицирање на маргините за секоја страна на елементот:

  • margin-top
  • margin-right
  • margin-bottom
  • margin-left

Академија vs Онлајн платформа за учење

На крајот од овој час ги потврдивме придобивките од учење на Академија во однос на учење преку онлајн платформи како Udemy. На Академијата имате 250 часа учење кои Ви се потребни со цел да направите промена на кариера додека видео од половина час не е доволно за да научите нешто и да направите промена.

Вежбите кои се добиваат на Академијата се прилагодени според знаењето на студентите и доколку наидете на одредени пречки и потешкотии менторот е секогаш тука да помогне и дообјасни нешто ако е потребно. Менторот постојано го следи развојот на студентите.

 

Ако ова што го прочита ти се допаѓа и сакаш да се запишеш на Академија за фронт-енд направи го тоа сега бидејќи промоцијата од 300 евра попуст завршува за 24 часа.

Запиши се со апликација на формата на нашиот веб сајт овде или јави се на 071 214 849. 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This