fbpx

Денес ќе се потрудиме да го објасниме процесот на Performance management и зошто е значаен за компаниите…

Денес ќе се потрудиме да го објасниме процесот на Performance management и зошто е значаен за компаниите… Performance Management е можеби најзначајниот процес кој треба да го знае секој менаџер на човечки ресурси и секој што сака да ја гради својата кариера во областа на HR. Оваа тема детално ќе биде обработена во втората Мини […]
Performance management - Mini HR Academy
07.12.2022

Денес ќе се потрудиме да го објасниме процесот на Performance management и зошто е значаен за компаниите… Performance Management е можеби најзначајниот процес кој треба да го знае секој менаџер на човечки ресурси и секој што сака да ја гради својата кариера во областа на HR. Оваа тема детално ќе биде обработена во втората Мини HR Академија.

Најпрво  да го објасниме процесот на Performance Management. Што е Performance Management?

Лидерска рамка

Performance management е лидерска рамка која им помага на вработените да ги развијат своите вештини. Исто така им помага и да го остварат својот потенцијал што го поддржува растот на компанијата. Баланс на односот помеѓу вработените и вредноста што тие ја испорачуваат на бизнисот преку комуникација и поддршка од нивниот менаџер.

Усогласување на цели и мерки за ефикасно работење

Процесот на Performance Management на вработените се однесува на усогласување на компаниските цели со договорените мерки за ефикасно работење на вработените. Покрај поврзувањето на компаниските цели со директниот учинок на вработениот овој процес има за цел да го измери перформансот на секој вработен и преку акционен план да утврди каков успех постигнал. Акцентот е ставен на подобрување, учење и развој со цел да се постигне целокупната деловна стратегија и да се создаде работна сила со високи перформанси.

Подобрување на вештини

Доброто управување со перформанс менаџментот се фокусира на подобрување на вештините кои му помагаат на вработениот подобро да ја врши својата работа. Тоа значи дека се работи за стратешко усогласување на нечија работа со групните и компаниските цели.

Super Early Bird na Mini HR Akademija

                Искористи ја понудата!

Стратешки и формален процес

Тој е стратешки и формален процес бидејќи има за цел да ги усогласи индивидуалните цели со групните и  целите на компанијата. Ова значи дека клучните индивидуални одлуки за кариера, како бонуси, унапредувања и отпуштања се поврзани со овој процес.

Зошто процесот на Performance Management е важен?

Ги поттикнува наградувањето и признавањето на вработените

Наградувањето и признавањето на вработените е многу значајно за компаниите. Според истражување на American Express: една третина од компаниите веруваат дека системите за наградување резултираат со подобро задржување на персоналот. Половина од нив го припишуваат на поголема мотивација преку стимулации. Смислените системи за наградување и јавно прозивање на успесите на вработениот можат да функционираат само во компании  каде што има точен и видлив процес на повратни информации и дискусии за перформансите. Континуираното управување со перформансите му овозможува на раководството да идентификува активност и напори достојни за пофалба или награда.

Континуираното управување со перформансите им овозможува на менаџерите да го следат напредокот на вработените во однос на целите и личниот развој. Да донесуваат информирани одлуки за дополнителни компензации, како што се зголемувања на платите или бонуси. Постоење на системи за наградување е неизмерно важно за среќата на вработените.

Ви даваме неколку клучни статистики што треба да се земат предвид:

  • 83% од вработените кои работат во средина со добри структури за наградување оценуваат дека се задоволни од својата позиција
  • 69% од работниците ќе работат повеќе ако знаат дека нивната работа е високо ценета 
  • Компаниите кои имаат ефективни структури за наградување уживаат речиси 50% пораст на мотивираноста на вработените

Перформанс менаџментот помага да се зголеми мотивираноста и продуктивноста на вработените

Мотивираните вработени остануваат подолго, активно се вклучуваат на работното место и даваат подобри резултати. Подобрувањето на нивоата на мотивирање на вработените е клучно за зголемување на продуктивноста.

Управувањето со перформанс менаџментот помага да се креираат стратегии за развој на вработените

Континуираното управување со перформансите значи дека проактивно ги развивате вработените преку анализа на нивните развојни потреби. Со редовно следење, можете да продолжите со постојано подобрување на перформансите. Направете план според кој ќе разговарате индивидуално за перформансите на секој вработен, можностите за развој и плановите за развој. Преку ваквата комбинација соцели за личен развој, компаниите можат да развијат талент на начин кој едноставно не е возможен со разговори за перформанси еднаш или двапати годишно.

Super Early Bird na Mini HR Akademija

               Искористи ја понудата!

Создава појаснување на целите

Изненадувачки и загрижувачки е што на 50% од вработените не им е јасно точно која е нивната улога на работното место. Кои се нивните долгорочни или краткорочни цели кои се обидуваат да ги постигнат. Недостатокот на јасност е уште една причина зошто ефективно управување со учинокот на вработените е толку важно. Правилните процеси за управување со перформансите можат да ја елиминираат нејаснотијата и конфузијата околу поставувањето на целите. Водењето редовни разговори насочени кон иднината преку континуиран преглед помага да се осигура дека на вработените им е јасно за сè што треба да прават и што се очекува од нив.

Доколку овој процес Ве заинтересира и сакате да ги продлабочите Вашите знаења за Performance Management, тогаш Мини HR Академијата е идеална опција за Вас. 

Дополнително погледнете го и видеото со нашиот ментор на следниов линк

Сите заинтересирани можат да се пријават за Мини HR Академијата преку contact@creativehub.mk или да не исконтактирате на 071 214 849.

Super Early Bird цената со 40% попуст од регуларната, чека на Вас! Искористете ја оваа единствена понуда која трае до 20ти јули!

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This