fbpx

Запознајте ја Тања, хотелиер што се преквалификува во front-end developer!

Интервју со Тања Блажевска, студент на Front-end Академија. Тања, после повеќе години градење кариера во сосема различна индустрија, донесе смела одлука и навлезе во програмеството. Можеш ли да ни кажеш од која бранша доаѓаш? Како што кажавте, мојата индустрија нема никаква поврзаност со програмирање. Веќе 5 години работам во хотелско-угостителската индустрија. Започнав како помошен келнер […]
tanja front-end
05.27.2022

Интервју со Тања Блажевска, студент на Front-end Академија.

Тања, после повеќе години градење кариера во сосема различна индустрија, донесе смела одлука и навлезе во програмеството. Можеш ли да ни кажеш од која бранша доаѓаш?

Како што кажавте, мојата индустрија нема никаква поврзаност со програмирање. Веќе 5 години работам во хотелско-угостителската индустрија. Започнав како помошен келнер во Парк хотел, а моментално сум вработена во хотел Хилтон како Ноќен Ревизор на рецепција.

Кажи ни која беше твојата мотивација да се запишеш на Front-end Академија?

Главната мотивација за запишување на оваа Академија ми беше потребата за промена, нови предизвици кои ќе ми помогнат во развивање на нови вештини, способности, квалитет. Иако го сакам хотелиерството, се чувствувам како да стојам во место.

Регистрирај се за Front-End Академија!

     Регистрирај се за Front-End Академија!

Како си задоволна од досегашните предавања, дали добивате практично знаење и дали се чувствувате охрабрени сами да работите во оваа професија во иднина?

Предавањата се одлични, јасни и практични. Презадоволна сум од професорите и начинот на кој предаваат. Моментално сме сè уште на самиот почеток, но до крајот на Aкадемијата верувам дека ќе бидам 100% подготвена да почнам да се занимавам со оваа професија.

Регистрирај се за Front-End Академија!

    Регистрирај се за Front-End Академија!

Зошто го избра Creative Hub и дали би го препорачала на твоите пријатели?

Еден од главните фактори за избор на оваа Front-end академија беа самите професори и нивниот начин на предавање, кој имав можност да го видам на бесплатниот курс од 4 недели. Претходни академии немам посетувано, но имам разговарано со неколку пред да го изберам Creative Hub, и можам со сигурност да кажам дека не згрешив во изборот.

П.С. Да не заборавам, веќе Ве препорачувам на пријатели кои исто така планираат да направат промена во нивната професијата. 😉 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This