fbpx

Зошто цел свет зборува за time-management?

Во моментов цел свет е фокусиран на “time management”. Накратко, процесот на организирање и планирање како правилно да го поделиш твоето време помеѓу различни активности. 
Зошто цел свет зборува за time-management?
04.12.2021

Во моментов цел свет е фокусиран на “time management”. Накратко, процесот на организирање и планирање како правилно да го поделиш твоето време помеѓу различни активности. 

Многу луѓе а верувам и ти мислат дека 24 часа во денот не се доволни. Да, тоа е така но само кога не постои успешно менаџирање на времето (time management).

Добро испланирано време ти помага да работиш по продуктивно а не подолго. Со тоа, за пократок временски период ти ќе бидеш во можност да сработиш повеќе, дури и кога задачата е под притисок.

Понекогаш изгледа дека немаш доволно време во денот. Но кога подобро ќе размислиш сите луѓе на светов имаат 24 часа. Тогаш како некои луѓе постигнуваат толку многу а ти толку малку? Добро менаџирање на времето е решението на твојот проблем.

Постојат неколку техники за успешно менаџирање со времето кои можат да ти помогнат и да ја подобрат твојата способност за навремено завршување на обврските.

Како до успешно менаџирање на своето време?

Time management чекор 1: Дознај на што го трошиш своето време

Првиот чекор е секогаш најважен – дознај каде оди твоето време. Многу е важно да знаеш на што точно го користиш твоето време. Додека си во канцеларија, откриј кои активности ти одземаат најголем дел од денот. 

На пример, ти можеби трошиш повеќе време на проверување на твоите социјални мрежи додека истото треба да биде искористено за комплетирање на важни проекти. 

Кога ќе дознаеш на што ги трошиш своите минути ќе можеш полесно да направиш одлуки а потоа и план за да ја подобриш твојата продуктивност.

Наједноставниот начин е да почнеш да го планираш времето во својот календар. Постојат и други онлајн опции кои можат да ти помогнат во планирањето. Calendar е една одлична апликација која може да ти асистира на почеток. Искористи ја најдобро што можеш и постави си континуитет во работењето. 

Постави си одреден временски период за секоја задача

Интересно е тоа што многу компании низ светот веќе го практикуваат овој начин на менаџирање со време. Имено, тие ги делат своите вработени во групи и вклучуваат награда за онаа група која прва ќе ја заврши зададената задача.

Истото го можеш и ти.

Ограничи го своето време за некоја задача. Така ќе ја зголемиш својата контрола над времето и сигурно ќе покажеш одлични резултати пред претпоставениотт. 

Креирај план пред почетокот на своите задачи

Будењето рано изутрина без план носи непродуктивност. Пробај навечер да направиш краток план за своите активности во текот на утрешниот ден. 

Запиши си ги сите свои задачи и постави одредено време за завршување на истите. Запамети што е важно а што не би било толку важно во текот на денот.

Рано изутрина пак, запиши ги трите најважни работи кои мораат да бидат завршени во текот на денот. 

Секогаш постои софтверско решение за твојот проблем

Технологијата денес може да ти донесе решение и за твојот проблем со менаџирање на времето. Постојат неколку апликации слични на Calendar, како Toggl, и Rescue Time.

Сите твои задачи, секое твое слободно време, секој твој состанок може да се вметне во една од нив. 

Промени го текот на твојот распоред

Промени го својот распоред за паметно да го искористиш времето во кое си најпродуктивен. Според многу истражувања луѓето се најпродуктивни од 11:00 до 13:00 часот. Продуктивноста е присутна и пред 11 часот но не е толку интензивна.

Time management чекор 2: Која задача е најважна? Како да одлучиш?

“Ако треба да изедеш две жаби, најдобро е да ја изедеш онаа поголемата” рекол Марк Твејн. 

Оваа порака може да ти каже многу за твоите задачи. Најголемата и можеби најпредизвикувачката задача што ја имаш за денес треба да биде прва за завршување на твојата листа. 

Многу се прашуваат зошто а постојат неколку причини кои водат до одговорот. На пример, твојата енергија во утринските часови е на високо ниво. Ќе биде многу подобро ако ти ја сработиш твојата најтешка задача тогаш наместо да ја оставиш за момент кога ќе бидеш исцрпен. 

Секако, ќе достигнеш пријатно чувство по завршувањето на најтешката или можеби најкомплексната задача во текот на денот.

Исфрли ги неважните задачи

Многу е важно да се исклучат сите активности и задачи кои не се дел од твоето работно време. Размисли што е важно во текот на тие осум часа и што го заслужува твоето време.

Ефективното менаџирање на времето покажува посветеност на твоите цели. Искористи софтверски решенија кои ќе те научат на дисциплина и ќе ти помогнат да оствариш континуитет. 

Искористи го твоето време паметно но не заборавај да искористиш неколку минути и за релаксација, мотивација и зголемување на енергија.

Студентите на нашите академии покрај професионалното усовршување постојано работат и на успешно менаџирање на своето време. Доколку се гледаш себе си во иднина како врвен професионалец пронајди ја академијата која најмногу ти одговара тука.

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This