Во денешната дигитална ера градењето на личен бренд е побитно од било кога. Со порастот на социјалните медиуми и онлајн вмрежувањето начинот на кој се претставуваме самите себе онлајн може да има значајно влијание на нашиот личен и професионален успех.
Без разлика дали сте сопственик на компанија, фриленсер или едноставно само сакате да ја унапредите својата кариера, а можеби и сте некој што тукушто почнува да ја гради својата кариера градењето на силен личен бренд може да ви помогне да се истакнете помеѓу конкуренцијата и да се поставите себе си како лидер во индустријата во која работите.
Денес во овој блог пост со тебе ќе ги споделиме причините зошто е важен личниот брендинг.
Што е личен брендинг?
Личниот брендинг е процес на креирање на стратегија со која една личност влијае на перцепцијата на пошироката јавност за неа. Вклучува креирање на идентитет што ја диференцира личноста од конкуренцијата и ја прави попрепознатлива кај публиката.
Личниот бренд ве презентира вас како личност, вашите вредности и она по што сте препознатливи. Како најважно е тоа дека треба да сте автентични, конзистентни и да ја пренесувате вистинската порака.
Зошто личниот брендинг е побитен од било кога?
Една од клучните причини е што денес е многу популарно кај регрутерите да ги пребрауваат социјалните медиуми при процесот на интервјуирање и регрутација. Според истражување направено во 2018 година од CareerBuilder дури 70% од работодавачите користат социјални медиуми кога прават скрининг на кандидатите при процесот на вработување.
Неефектиното менаџирање на вашата онлајн репутација може да ве доведе до ризик од губење на бизнис можности.
Личниот брендинг колку што е важен за личноста толку е важен и за компанијата за која работи и затоа компаниите треба да ги поттикнуваат своите вработени да градат личен бренд.
5 клучни бенефити од личниот брендинг
Кои се петте бенефити од личниот брендинг?
-
Ти овозможува да се диференцираш од останатитe
Милиони луѓе се борат за истата работна позиција, истите клиенти и истите потрошувачи што значи дека конкуренцијата е голема. Она што ќе го привлече вниманието на регрутерот е токму личност со силен личен брендинг.
-
Градиш доверба и кредибилитет
Ако имаш добро изграден личен бренд поголема е веројатност дека луѓето ќе те приметат и ќе веруваат во тоа што го правиш. Тие природно ќе ти веруваат повеќе доколку се позиционираш себе си како искусен професионалец преку твојот брендинг.
-
Генерира кариерни можности
Силниот личен бренд отвара нови кариерни можности, а води и до поголеми продажби.
Веројатноста да добиете понуда за работа од некој работодавач е поголема доколку имате добро изграден личен бренд.
-
Привлекува потрошувачи и клиенти
Без разлика дали си фриленсер, претприемач или поседуваш мал бизнис личниот брендинг може да ти помогне да привлечеш нови потрошувачи и клиенти.
Проспектите ќе го препознаат вашето име и она што го правите само ако имате моќен личен брендинг.
-
Помага во исполнување на вашите цели
Личниот брендинг е воден од вашите цели, па затоа е и логично дека личноста со силен личен бренд има тенденција да ги оствари своите зацртани цели.
Насочувањето на напорите и брендинг активностите кон остварување на личните цели е еден од клучните фактори на личниот брендинг.
Мастери за личен брендинг
Инспирирај се од вистински примери за личен брендинг, ова се неколку од најпознатите:
Опра Винфри
Опра е несомнено кралица на личниот брендинг. Нејзиниот бренд има проценета нето вредност од 2,5 милијарди долари. Таа отсекогаш се држела до нејзината основна компетентност предизвикувајќи милиони гледачи да го живеат најдобриот можен живот. Со тоа што секогаш држи до себе, таа инспирираше милиони да бидат најдобрата верзија од себе си.
Елон Маск
Тој е личност која претставува синоним за успех. Елон е основач на неколку бизниси меѓу кои се и едни од најуспешните компании како Tesla Motors и SpaceX.
Гери Вајнерчук
Исто така познат како Гери Ве, Вајнерчук започна со хостирање на видео блог на YouTube наречен Wine Library TV. Во март 2009 година ја издаде својата прва книга, Crush It! Сега, тој е еден од најуспешните продавачи во светот и привлече огромен број лојални следбеници. Вајнерчук вели: „Вашиот личен бренд е вашата репутација. А вашата репутација во вечност е основата на вашата кариера“.
Како да започнете да градите личен бренд?
Тоа ќе те научиме на Академијата.
Како дел од програмата на Creative Hub воведовме и програма за вработување која вклучува обука за CV, обука за портфолио, обука за претставување и личен брендинг, обука за Линкедин профил, обука за пребарување на работни позиции, аплицирање, разговор со регрутер, спрема за интервју и личност која ќе ги следи во прогресот.
Одбери:
Академија за дигитален маркетинг
Академија за фронт-енд програмирање
Информирај се повеќе за програмата на 071 214 849 или закажи состанок овде.
Уписите се во тек!