fbpx

ЗОШТО, КАДЕ и КАКО до кариера во дигиталниот маркетинг

пишува Љубица Блажевска, Академија за дигитален маркетинг. Динамиката на денешното живеење полека, но сигурно го менува светот. Дигитализацијата е еден аспект од таа промена. Факт е дека маркетингот, како индустрија, е во голем дел застанат пред предизвикот на дигиталната трансформација. Последните неколку години дигиталниот маркетинг предизвикува „БУМ“ во светот. Тоа е веќе потреба на секоја […]
Зошто, како и каде до кариера во дигиталниот маркетинг
05.05.2021

пишува Љубица Блажевска, Академија за дигитален маркетинг.

Динамиката на денешното живеење полека, но сигурно го менува светот. Дигитализацијата е еден аспект од таа промена. Факт е дека маркетингот, како индустрија, е во голем дел застанат пред предизвикот на дигиталната трансформација.

Последните неколку години дигиталниот маркетинг предизвикува „БУМ“ во светот. Тоа е веќе потреба на секоја компанија за да може полесно да комуницира со своите клиенти. 

Се повеќе бизниси во светот, во целост го применуваат дигиталниот маркетинг како можност за уште поуспешен развој и поврзување со клиенти насекаде. Според најновите статистички податоци, трошоците за дигитален маркетинг ќе сочинуваат 46% од вкупните трошоци за реклами во 2021 година.

Како резултат на тоа, се повеќе компании бараат експерти во областа на дигиталниот маркетинг. Тоа е така бидејќи тие се оние кои ќе им помогнат во остварување на поставените цели.

  • Расте свесноста за потребата од дигитален маркетинг

Многу луѓе во светот го надоградуваат своето знаење во оваа област и се усовршуваат, за да можат да ги следат светските трендови, но има и такви кои во целост ја менуваат својата кариера и се насочуваат само кон дигиталниот маркетинг.

Новите генерации се повеќе се одлучуваат да ја работат оваа професија. Тие се родени во ера во која користењето на технологија е дел од секојдневниот живот и за нив воопшто не е тешко да го разберат начинот на кој што функционира модерниот свет.

  • COVID-19 кризата

Глобалната пандемија со COVID-19 сеуште предизвикува турбуленции во светот.

Спротивно на тоа што се чувствува нејзиното негативно влијание во повеќе области, во најголем дел влијанието врз дигиталниот маркетинг е позитивно поради тоа што го забрза неговиот раст и развој како индустрија.

Истражувањата покажуваат дека 67% од деловните субјекти превзеле или веќе спроведуваат стратегии за трансформација на маркетингот како резултат на кризата.

Голем дел од луѓето кои што ја загубија својата работа за време на пандемијата, се осмелија да научат нешто повеќе за дигиталниот маркетинг и да започнат нова кариера во оваа област.

ЗОШТО кариера во дигиталниот маркетинг

Сведоци сме дека се се случува online. Интернетот е повеќе од потребен на секој од нас заради комуникација, учење или работа.

Малите и големите бизниси се создаваат и растат преку користење на веб-страници, социјални мрежи и онлајн продавници. На секој бизнис му е потребна добро дефинирана, детално планирана и соодветно изведена стратегија за дигитален маркетинг, што вклучува истражување, разбирање и дефинирање на специфичната целна публика.

Исто така е потребно разбирање на маркетинг целите на компанијата, разбирање на конкуренцијата и добра распределба на буџетот. Сето ова може да заштеди огромно време и пари на компаниите, бидејќи дефинира јасна  патека до целта.

Но, без обучени професионалци за дигитален маркетинг, овие задачи не можат да се извршуваат. Затоа побарувачката на вакви кадри ќе продолжи да се зголемува.

Познавањето на дигиталниот маркетинг е современа вештина со која се креира успешен бизнис.

Кои се бенефитите?

  • Добрата експертиза ќе ви овозможи да располагате со соодветни знаења за да може да ја најдете посакуваната работа;
  • Не сте ограничени во изборот на индустријата за која сакате да работите, затоа што дигиталниот маркетинг дава голем избора на полиња за работа;
  • Секојдневно се нудат нови работни места насекаде низ светот;
  • Во најголем број од случаите работата е флексибилна – дозволува и да работите од удобноста на вашиот дом или од било каде во светот;
  • Допринесува да се развивате во кариерата која веќе ја имате изградено, со тоа што ќе Ви овозможи успешно да го издигнете бизнисот на повисоко ниво со помош на дигиталниот маркетинг.

КАДЕ до кариера во дигиталниот маркетинг

Постојат различни центри кои нудат ваква едукација во нашата земја. Сепак, Creative Hub се издвојува од сите останати.

Creative Hub е професионален тренинг центар кој се најде на листата на магазинот „Forbes“. Покрај многуте академии и курсеви кои се изучуваат, во овој центар можете да ја најдете и Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент.

Студентите кои се запишуваат на оваа Академија се од различна возраст, искуство и предзнаење. 

Со стекнатото знаење ќе можете да се развивате во делот на Content Marketing, B2B Lead Generation, Facebook адвертајзинг, Односи со јавност и корпоративни комуникации, Google Ads, Adobe Photoshop, Account Management, Email Marketing, SEO. Доволни за кариера, зар не?

Сето ова може да Ви послужи да се развивате во кариерата, но и да почнете сосема нова кариера, како што е примерот со многу студенти. 

Дигиталниот маркетинг е може лесно да се совлада доколку сте амбициозни, креативни и дисциплинирани. Тоа е интересна и забавна материја. Учењето е преку примери и изработка на проекти по секој предмет.

Зошто Creative Hub е вистинскиот избор?

По завршувањето добивате светски акредитиран сертификат Certified Digital Marketer, како и диплома со ЕКТС кредити.  Покрај ова, Академијата е акредитирана и во британското тело за акредитација на дипломи – CPD (Continuing Professional Development). Ваквиот сертификат е со право ценет во светот, а со него студентите имаат многу отворени врати по завршувањето.

Дали е неопходно претходно искуство?

Иако сум студент кој сеуште е на почетокот од студирањето, моето лично искуство со Creative Hub е повеќе од одлично. Претходно немав никакви предзнаења од дигиталниот маркетинг, по професија сум дипломиран правник со положен правосуден испит, но желбата за повеќе знаење беше пресудна да се одлучам да студирам на Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент на Creative Hub.

Тука се сретнав со предавачи кои се професионалци во својата област, кои несебично се посветуваат на студентите да им го пренесат своето знаење, па затоа сум сигурна дека нема да имам никакви пречки при студирањето.

КАКО до кариера во дигиталниот маркетинг

За изучување на дигитален маркетинг постојат разни можности и методи. Кога се избира одреден метод, најголема улога треба да има квалитетот на пренесување на знаењето, методологијата на изучување и секако акредитацијата која ја добивате на крајот како заслуга, но и како клуч кој би можел да ви отвори многу врати во иднина.

Дали ќе стекнете знаење преку некоја реномирана Академија или ќе учите од YouTube или слични платформи? И покрај фактот што учењето преку бесплатни туторијали и видеа на интернет може да ви помогне да се стекнете со одредени знаења, сепак овој начин има и бројни недостатоци: 

  • Нема да најдете се на едно место;
  • Наидувате на нејаснотии, за кои не постои „лице во лице“ консултација;
  • Временски може да трае предолго;
  • Можно е да изгубите мотивација во процесот на учење;

И на крајот, нема секогаш да добиете соодветен сертификат.

За разлика од ова, кога избирате студирање на акредитирана академија, вие сте сигурни дека нема да наидете на такви пречки. Најдоброто од се е што не е потребно предзнаење.

Потребно е само да сте доволно амбициозни и креативни и да сакате да бидете во чекор со времето. Можностите кои ви се отвараат со стекнатото знаење се безбројни.

Дигиталниот маркетинг е една многу важна „вештина“ на денешницата. Имате шанса да ја поседувате! Без разлика на претходното искуство, со знаењето стекнато во областа на дигиталниот маркетинг можете да постигнете многу поголеми успеси во кариерата.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент, посетете ја веб-страницата на Creative Hub.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This