fbpx

Зошто кариера во Data Science?

Неодамна кариерата во Data Science секторот беше прогласена за најдобрата работа на 21 век. Дефинитивно, овој тип на професија израсна и допре до врвот за релативно кратко време. Тоа е еден вид на револуција во технологијата за која во последно време многу се зборува. Позициите кои се присутни и често отворени во овој сектор не […]
Зошто кариера во Data Science?
05.04.2021

Неодамна кариерата во Data Science секторот беше прогласена за најдобрата работа на 21 век. Дефинитивно, овој тип на професија израсна и допре до врвот за релативно кратко време. Тоа е еден вид на револуција во технологијата за која во последно време многу се зборува.

Позициите кои се присутни и често отворени во овој сектор не се релативно нови. Data Science постои на пазарот веќе некое време и многу истражувачи ја нарекуваат “дијамант” во светот на технологијата. 

Дали ти би требало да одбереш кариера во Data Science?

Одговорот е мошне лесен и едноставен – да. Data Science како вештина им помага на останатите технологии да се надминат и да донесат резултати кои секој лидер би ги посакал. 

Со Data Science компаниите станаа свесни за важноста на податоците и колку нивното собирање може да допринесе за раст и развој. Секако, постојат и други причини зошто оваа област е толку привлечна и зошто се повеќе и повеќе луѓе имаат желба да ја изучуваат.

Кои се предностите кои Data Science секторот ги носи?

Кариера во Data Science ја поттикнува логиката и аналитичките вештини во тебе и ти дава можност да се изградиш во професионалец со врвни вештини на обработка на масовни податоци..

Data Science ти овозможува масата на податоци со кои располагаш да ги искомбинираш на најфункционален можен начин и да овозможиш функционална презентација за главните доносители на одлуки во компанијата во која работиш.

Ќе работиш во оддел кој е доста интересен

Кога почнуваш даа работиш во овој сектор, односно кога завземаш позиција во Data Science работите почнуваат да бидат мошне интересни. Едноставно согледуваш некои работи кои порано не си ги здогледувал, од сосем поинаква перспектива. 

Освен тоа, ти ќе бидеш оној кој ќе направи клучни одлуки за да спречи нешто да се случи или пак да поттикне можноста за остварување на посакуваната цел. Професиите во овој оддел се мошне интересни со потенцијал за напредок и секој ден се случува нешто ново што поттикнува желба за учење и совладување на истото.

Оддел кој непрекинливо расте

Како што напоменавме погоре, data science е од важност на секоја компанија бидејќи помага при нејзиниот раст и развој. Тоа е првата причина зошто овој сектор од почетокот расте а не опаѓа. Клучни се индикаторите за раст и развој кои можеби многу од менаџерите не би ги забележале доколу немаат data science оддел во своите компании.

Професиите вклучени во овој оддел имаат потенцијал и според неколку истражувања побарувачката за нив нема никогаш да опадне. Одделот носи вредност на секоја компанија и и помага да привлече што повеќе клиенти. 

Добра плата

Да, вистина е дека платата во овој сектор зависи од годините на искуството но дури и почетните позиции се добро платени. Во споредба со сите останати професии почетните плати се најголеми во Data science секторот. Најплатени се секако оние кои работат за американски компании.

Оддел кој нуди можности

Разновидноста е клучен играч во овој оддел. Можеби затоа полето е толку популарно и побарувачката за истото само се зголемува. Имено, секој оној кој сака да научи да работи во овој сектор го може тоа ако желбата за учење и инвестирање во себе му е голема. 

Луѓе од било која индустрија се префрлиле во оваа и се мошне задоволни од исходот. На пример, Марк од Лос Анџелес реши да ја сподели приказната на мошне убедлив начин.

“Промена на кариера во овој оддел е нешто што навистина ми беше потребно. Да е уште поинтересно, јас работев како наставник. Буквално секој кој сака може да се приклучи, да напредува и да си ја обезбеди иднината”.

Сите ветувања кои овој сектор ги нуди можат да се видат и низ неколку академски истражувања. На пример “Data Science in Action” е книга од Wil van der Aalst која детално ги објаснува потребите и придобивките.

Можеме да заклучиме дека кариерата во овој сектор носи само бенефити и ништо помалку. Важно е да се напомене дека постојат многу опции кои можат да ти помогнат да се усовршиш и да започнеш од нула па се до врвот кој е задолжителен во овој сектор.

Без разлика од која бранша сте или колку години имате, ако имате страст за оваа професија преку нашата Академија ќе го добиете потребното знаење за започнување на кариера во овој сектор. Побрзајте уписите се во тек. Аплицирај тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This