Зошто кариерата во дигиталниот маркетинг е една од најбараните?

пишува Соња Николовска, Академија за дигитален маркетинг  Во ера сме на нови и модерни технологии, како се менуваат работите, сите бараме да бидеме во тренд со она што го бара пазарот на трудот. Сведоци сме на секојдневни активни огласи за отворени работни места за специјалисти за дигитален маркетинг. Се повеќе компании бараат креативни лица со […]
Зошто кариерата во дигитален маркетинг
05.17.2021

пишува Соња Николовска, Академија за дигитален маркетинг 

Во ера сме на нови и модерни технологии, како се менуваат работите, сите бараме да бидеме во тренд со она што го бара пазарот на трудот. Сведоци сме на секојдневни активни огласи за отворени работни места за специјалисти за дигитален маркетинг. Се повеќе компании бараат креативни лица со познавање и искуство во водење социјални медиуми, уредување веб страни и различни онлајн проекти. 

Пандемијата на КОВИД-19 направи една реорганизација на системот. Таа овозможи повеќето бизнис зделки да се извршуваат онлајн и повеќе работни позиции се одвиваат од дома. Затоа, дигиталниот маркетинг станува неизбежен дел од иднината на секоја успешна компанија.

Што е дигитален маркетинг?

Дигитален маркетинг е употреба на Интернет, мобилни уреди, социјални медиуми, пребарувачи и други канали за да стигнат до потрошувачите. Некои експерти за маркетинг сметаат дека дигиталниот маркетинг е целосно нов потфат што бара нов начин на приближување кон клиентите. Секако и нови начини на разбирање како се однесуваат клиентите во споредба со традиционалниот маркетинг. Е-пошта, рекламирање на онлајн платформи, маркетинг на социјални мрежи, блогови, се само дел од можностите кои можат да помогнат за видливост на вашата компанија и продажба на вашите услуги и производи.

Најважните елементи на дигиталниот маркетинг за развивање на кариерата во секторот:

  • Search engine optimization (SEO)
  • Pay-per-click advertising (PPC)
  • Web design
  • Content marketing
  • Social media marketing
  • Email marketing

КОВИД-19 и бизнис секторот во нашата земја

Брзината на ширење на вирусот КОВИД-19 направи застој во светската економија, со самото тоа запреа и многу бизнис сектори, во напредни и земји во развој.

Според истражувањето спроведено од ЦЕФЕ Македонија, можеме да заклучиме дека бизнис секторот кај нас има големи последици во нивото на продуктивноста, продажбата и приходите. Податоците покажуват дека речиси 26.4% од анектираните компании стопирале голем дел од своите деловни активности. Тоа резултира со намалување и на приходите.

Околу 34% од компаниите одговориле дека користеле намалување на платите како средство за справување со финансиските проблеми. Според тоа резултатите покажуваат дека постои загриженост кај компаниите за нивното работење во време на кризата со корона.

КОВИД-19 кризата ја зафати македонската економија на таков начин што ги намали приходите, ги одложи или откажа новите и веќе започнатите проекти, ја намали побарувачката на потрошувачите и создаде тешкотии во плаќањето на финансиските долгови.

Зошто дигитален маркетинг во и после КОВИД-19

Поради целиот овој пад на стандардните бизниси, компаниите повеќе од било кога имаат потреба од модернизирање. Односно, насочување кон добар маркетинг и онлајн алатки.

Како што може да видиме дека како се развива интернет технологијата, така расте списокот на алатки, средства и стратегии за промоција. Со тоа и заработка. Но, за сето тоа една компанија да го искористи потребна и е специјализирана агенција или дигитален маркетер. Тие се подготвени да одговори на сите предизвици на новата ера.

Според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, 37% од испитаниците значително повеќе купуваат онлајн, близу 20% за прв пат почнале да плаќаат сметки онлајн и да користат владини е-услуги. Пониската цена има најголемо влијание на одлуката за онлајн купување. Иако останува неизвесно колку ефектите од овој „принуден раст” ќе бидат долготрајни, позитивно е што дури 76% рекле дека ќе продолжат да купуваат со ист обем и по COVID-19.

LinkedIn предвидува дека ќе се создадат 150 милиони нови работни места во областа на технологијата на глобално ниво во следните 5 години. Позициите од овој сектор се зголемуваат 35% годишно. 

На листата со најбарани професии на “LinkedIn” изобилуваат професионалци од разни технолошки области. Социјалната мрежа предвидува дека најбарани професии во 2025 г. ќе бидат оние поврзани со обработка и анализа на податоци. Секако и професиите поврзани со технолошки уреди, сајбер-безбедност и енкрипција. На листата се најдоа и професиите од секторот за вештачка интелигенција, процесирање на текст, слика и глас, електронска продажба и дигитална трговија.

Времињата се променија, начинот на кој бизнисите се приближуваат кон своите клиенти исто така. Иако се уште не се исчезнати сите традиционални маркетинг стратегии, желбата за промена и создавање начини да се овозможи тоа отвори нови патишта.

Актуелните, модерни техники што ги спроведуваат маркетинг професионалците се далеку попопуларни од оние што порано ги знаевме. Самата ситуација и интернетот донесоа сосема нов пазар. Дигиталниот маркетинг стана некоја норма за успешен бизнис.

Со самото наметнување на мерките, изолации, карантини кои траат до и повеќе од 12 часа се наметнува потребата од скролање на социјалните медиуми и листање интернет портали. Поради тоа самите компании имаат потреба од редовно пишување и споделување содржини. Исто и споделување на видеа и фотографии – се што е во фокус на приближување до клиентите.

Не се мисли на директна и посесивна продажба по секоја цена. Едноставно, се јавува потреба од некој кој ќе осмисли дигитален маркетинг план. Воедно и кој ќе информира, ќе го доближи производот или услугата до клиентот и ќе продаде квалитет. Самиот медиа маркетинг дозволува да тој клиент го задржите и направите купувач или корисник на останатите услуги кои ги нудите.

Поради големата фрекфенција на профили на поединци и компании во самиот интернет сообраќај, дигиталниот маркетинг не се користи само за продажба. Напротив, има голем спектар на можности кои ги нуди.

Социјалните медиуми нудат и побарувачката на пазарот на трудот да е на дофат во секое време на компаниите. Односно, да не го барате талентот кој е потребен преку огласи во печатени медиуми. Имено, сето тоа е можно преку платформата LinkedIn.

Исто така, голем замав зема продажбата преку интернет на малите бизниси. Тие користат социјални медиуми за истото, други пак развиваат онлајн продавници кои нудат безбедно плаќање и брза достава на артиклите.

Самите платформи како ZOOM, Teams, Skype и слични на нив, доведоа можност да сите состаноци, колегиуми, едукации, семинари, обуки, академии, курсеви да можат да се одвиваат онлајн. Тие даваат можност да присуствувате на настаните и од својата канцеларија или дом. Попрецизно да креирате настани за компанијата за која работите и лесно ќе овоможите допир со потенцијалниот пазар.

Со низа алатки може да направите одличен маркетинг без разлика на кризата која не спречува тоа да го направиме со физичко присуство.

Зошто дигитален маркетер и како

Поради тоа дигитален маркетер е профилот кој е потребен на една компанија која сака да го  зголеми својот профит, видливост и препознатливост. Потребни сте за преку креативни решенија влезете во компјутерите, телефоните и сите форми на медиум на клиентите.

Вие сте оној кој “на послужавник” ќе го понуди производот кој компанијата го нуди. Секако, на оригинален начин со користење на знаењето кое ќе го научиш на академијата на CREATIVE HUB. Да не ги заборавиме и искуствата кои ќе ги стекнеш при циклусот на обуки и размена на идеи и знаења со колегите. 

Кариерата како дигитален маркетер кој секој би ја посакал ве очекува! Одберете го најдоброто за себе и резервирајте го Вашето место на Академијата за дигитален маркетинг кај нас. Истата ќе Ве обучи како професионално да го менаџирате дигиталниот маркетинг на Вашата компанија или Вашиот клиент.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This