Зошто треба да се приклучиш на нашиот бесплатен вебинар по Дигитален маркетинг?

Вебинар - денес, дефинитивно еден од најдобрите и најиновативните алатки во надоградување на своето знаење. Освен стекнато знаење, луѓето кои се дел од вебинарите имаат можност да поставуваат прашања и да разговараат со нараторот. 
бесплатен вебинар по Дигитален маркетинг
04.27.2021

Вебинар – денес, дефинитивно еден од најдобрите и најиновативните алатки во надоградување на своето знаење. Освен стекнато знаење, луѓето кои се дел од вебинарите имаат можност да поставуваат прашања и да разговараат со нараторот. 

Како до кариера во дигиталниот маркетинг е прашање кое се поставува многу често. Маја Орозовска, нашиот наратор и воедно маркетинг директор во Creative Hub и предавач по Email marketing на Академијата за дигитален маркетинг виде потреба за одговор на ова прашање но и за детално појаснување за успех во истата.

Маркетингот, без разлика дали дигитален или друг вид има за цел да донесе нови клиенти и секако да донесе финансиски успех. Многу од вас не го знаат правилниот начин па затоа ние со задоволство креиравме почетна точка за која сме сигурни дека ќе помогне на многумина.

Вебинарот насловен “Како да започнеш кариера во дигитален маркетинг” се фокусира на сите потребни елементи за титула “дигитален маркетер”. Низ разговор и примери, Орозовска ќе ве научи како и Вие успешно да ги имплементирате најновите трендови од светот на технологијата и како да донесете зголемен профит и зголемена посетеност на компанијата во која работите. 

На нашиот вебинар по Дигитален маркетинг ќе научите:

  • Кои чекори се неопходни пред да почнете да креирате одредена маркетинг стратегија.
  • Како да направите успешна маркетинг анализа преку два примери на едни од најуспешните маркетери во светот.
  • Што се е дигитален маркетинг.
  • Како брзо и ефикасно да креирате e-mail маркетинг листа.
  • Каков вид на контент е соодветен за секоја посебна социјална мрежа.
  • Како да научите што и треба на вашата публика
  • Како да ги совладате сите клучни маркетигн вештини и да ја зголемите продажбата во својата компанија

Секако, Орозовска има уште неколку клучни одговори за дигиталната сфера по кои Вие трагате. Резервирајте си го своето место тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This