fbpx

Power BI & SQL Курс

Power BI е збир на софтверски сервиси, апликации и врски меѓу податоци кои ги претворат неповрзани бази на податоци во интерактивни, взаемно поврзани и интелигентни визуализации на посакуваните информации.
Power BI овозможува лесно поврзување со изворите на податоци, визуализација и генерирање на извештаи, временски серии, предикции и останати прикази.
Платформата овозможува лесен веб пристап и споделување на креираните извештаи и dashboard-и со останатите корисници.
Power BI е дизајниран, доколку се поврзе со “жива” база на податоци, да врши постојано автоматско обоновување и со тоа да овозможи “up to date” извештаи преку лесен и визуелен начин на интеракција.

Зошто Power BI е подобар од Excel?

Голем дел од секојдневните извештаи, сѐ уште се изготвуваат во Excel, па во однос на тоа подолу неколку разлики и предности на Power BI во однос на Excel:

  • Power BI е деловна интелигенција (BI) и алатка за визуелизација на податоци и креирање на персонализирани и интерактивни dashboard-и користејќи извори на податоци, додека Microsoft Excel е софтверска апликација од Microsoft која се користи за анализа на податоци, математички операции, организација на податоци и многу други опции со користење на табеларни пресметки.
  • Power BI е многу побрза алатка за обработување на податоци во однос на Microsoft Excel.
  • Power BI може непречено да работи со голема количина на податоци, додека Microsoft Excel е ограничен до одреден степен на податоци.
  • Power BI извешатите и dashboard-ите се поинтерактивни и прилагодени според потребите на корисникот, додека Microsoft Excel е ограничен со интерактивноста.
  • Power BI е лесна и многу флексибилна алатка за употреба, додека Microsoft Excel бара големо познавање на формули и “правила”.
  • Power BI најчесто се користи за визуелизација на податоци и споделување на истите со голем број корисници, додека Microsoft Excel најмногу се користи за длабинска анализа на одреден вид на податоци.
  • Power BI е помоќна алатка во споредба со Microsoft Excel.
  • Power BI е алатка која на која лесно може да се пристапи од мобилни уреди кои користат различни оеративни системи iOS, Android и Windows, додека Microsoft Excel не е така лесна алатка за пристап.

 

Интерактивна онлајн програма или класична настава

Овој курс можете да го следите онлајн или во живо. Доколку го следите онлајн, ќе добиете линк за приклучување на секој час. По завршувањето на часот ќе добиете и снимен видео материјал.

Доколку го следите во нашите простории потребно е да носите лаптоп.

 

Проекти кои ќе ги изработите

Ќе добиете задача да работите со макро податоци од Државен Завод за Статистка да направите извештај кој ќе ги превидува трендовите во следните години.

Комплетен dashboard (кој треба да биде јасен и лесен за користење и секако складен во користење на бои) со неколку визуализации, користејќи податоци базирани на време, каде што ќе треба најпрво да ги адаптирате и трансформирате податоците. Исто така ќе направите поврзување во релации на истите, ќе направите мерки користејќи DAX, кои ќе имаат Q&A приказ и приказ на  Key Influencers.

 

Зошто е овој курс добар за компаниите? Како по завршувањето на курсот вработените ќе можат да дадат вредност на компанијата?

Бидејќи начинот на пишување извештаи во Excel e минато и како што е погоре наведено, Excel има лимитирана можност. Power BI овозможува на лесен начин да се воочат резулатите, да се направи предикција, автоматизирано да одговори на прашања, да ги покаже главните инфлуенсери во еден извештај, лесно да се поврзи со дата бази како и cloud и да биде редовно автоматски апдејтиран. Најважно од сѐ, начинот на кој се прикажани податоците е максимално разбирлив за секого и воочувањето на проблемите/слабостите/предностите во една компанија се дирекно експлицитни.
  • Вовед во Power BI, зошто е потребена и актуелна апликацијата
  • Поврзување, импортирање на податоци во Power BI од различни извори и формати и нивна трансформација
  • Видови на податоци, SQL: Основни правила и операции со Query
  • Data relationship: меѓусебно поврзување на податоците
  • Визуализација на податоци: charts, табели и визуали, користење на податоци базирани на време и нивно прикажување
  • Креирање и конфигурација на извештај и dashboard
  • Креирање на персонализирани Q&A прикази и Key Influencers
  • Креирање на Quick Measures и вовед во DAX
  • Power BI web платформа – share point

На Македонски јазик

• Ивана Смилјанска in

Program, Project and Strategy Specialist во DB Schenker – Head Office SEE Vienna за 12 држави од регионот и 13 филијали во Австрија каде пред сѐ покрај контролирањето на проектниот менаџмент во цел кластер, фокусот е за изработка на долгорочни планови и стратегии во сите земји од регионот и чии опсежни анализи опфаќаат движења на макроекономските трендови во минатото, предикции на истите во иднината, движења на микроекономските резултати внатре во самите компании, подготовка на предикции, мерки и начини за остварувања на буџети, следење на клучни параметри на успех, следење на пазарот, конкуренцијата итн.

Ивана работи на анализи кои се вклопуваат во опсежна стратегија за развој на компанијата во престојните години.
Експертизата е во  креирање на различни извештаи и dashboard-и за бордот на директори, генералните менаџери како и менаџерите на одделенија воглавно за следење успешноста, генерирање на акциони планови и развојни проекти

На Албански јазик

 

• Лирим Зенуни in

Раководител на MIS во Meridian Express со 8 годишно искуство во Анализа на податоци.

Директор на MIS во Meridian Express со 8 години искуство во областа на анализа на податоци. Специјализирал во користење на Business Intelligence алатки за развивање на соодветни решенија за различни бизнис прашања и можности. Во 2015 година, Лирим има развиено Power BI извештаи за ланец на 39 продавници за Meridian, што бележат значаен напредок и резултат. Исто така работи и како Business Intelligence консултант за PECB и Analytics, каде има применето Power BI како Business Intelligence алатка.

Бесплатен вебинар ќе се одржи на 18.02.2021 година со почеток во 18 h.

Доколку сте заинтересирани пријавете се на долунаведениот линк.

 
Пријава

Наскоро.

€300

1 Месец (12 работни часа)

Плати на 3 рати

w

Македонски и Албански јазик

Онлајн/класична настава

Z

Сертификат

Z

Помош при вработување после завршувањето на Курсот

          Pin It on Pinterest