fbpx

Search Engine Optimization Курс

Како да се рангира твојата страна прва на “Google” кога некој ќе пребарува со клучен збор? Како можеме да ја привлечеме клиентелата што пребарува онлајн да кликне на нашиот сајт? Дали оптимизацијата е задача на програмерите или дигиталните маркетери? Ова се прашањата што најчесто ги поставуваат оние кои биле заинтересирани за овој курс.

Низ 10 групи Академии и неколку предавачи кои во минатото го држеа овој курс во Creative Hub ги заклучивме следните работи:

  • Секој што работи дигитален маркетинг, мора да знае и оптимизација. Тоа значи дека треба да знае како да поврзе domain, hosting, да направи blog и да примени алатки од On-Page, Technical & Off-Page SEO.
  • Исто така потребно е да ја разбере основата на структурата на кодот.
  • Потребно е да знае да направи “flat” структура на веб страната.
  • Потребно е да знае како да ја поврзе страната со Google Analytics и да утврди од каде доаѓа “traffic” на веб страната.
  • Да пребарува “keywords” и да ги сортира според нивниот search volume.
  • Да анализира како тоа го прави конкуренцијата и како можеме да ја подобриме нашата страна за да рангираме подобро.

 

Се ова ќе научите сами практично да оптимизирате на курсот по Search Engine Optimization.

Ова е 2 месечен курс, кој можат да го слушаат и почетници.

Дали е потребен? Апсолутно! Секој што работи и неговата компанија постои дигитално треба да научи како да ја оптимизира континуирано!

 

Онлајн програма или класична настава

Програмата е достапна онлајн или со класична настава. За онлајн програмата, студентите добиваат линк на кој се приклучуваат пред секое предавање. Придобивката од онлајн програмата е што е достапна каде и да сте. Ако пропуштивте час, не грижете се, бидејќи ќе добиете и видео-запис по завршувањето на предавањата. Снимениот видео материјал навистина им помага на студентите кога ги работат домашните бидејќи им овозможува повторно да се навратат на предавањата.

 

Проекти кои ќе ги изработите и финален испит

Низ текот на целиот 32 часовен курс ќе работите домашни задачи поврзани со оптимизација на страна. На крајот ќе добиете задача сами да подобрите лошо оптимизиран текст. Само така самите ќе измерите колку знаете и ќе ја добиете потребната самодоверба дека знаете што правите.

Завршете го курсот и стекнете вештини за оптимизација.

  • HTML, CSS
  • JavaScript
  • WordPress for SEO
  • Google & SEO
  • Google Updates
  • Hosting
  • Domain Name
  • SEO Trends
  • Website Structure

 

  • Keywords
    • Keyword Research
    • On-page ranking factors
    • Free online tools

 

  • On-page SEO in depth
    • Blogging
    • Website Audit
    • Technical SEO
    • Backlinks

 

  • Google Analytics

На Македонски јазик

 

• Иле Петрушев in

Искусен дизајнер со  работа во адвертајзинг индустрија. Искуство во брендирање, кориснички интерфејс, рекламирање, веб дизајн и типографија.

 

• Александар Стојков in

Основач на Адивиус, Агенција за дигитален маркетинг со седиште во САД, Специјалист за SEO и Google Ads. Александар започнал да работи со SEO уште во 2013 година, а најголем број од клиентите се од американскиот и канадскиот пазар.

 

На Албански јазик

 

• Леке Бериша in

Леке Бериша е  специјалист за оптимизација. Леке им помогна на разни меѓународни компании да ги зголемат приходите и органскиот раст преку SEO.

Пријави се тука и доби бесплатен час за избраната програма.

 
Пријава

Наскоро.

€190

2 месеци (32 работни часа)

Плати на 3 рати

w

Македонски и Албански јазик

Онлајн/класична настава

Z

Сертификат

Z

Помош при вработување после завршувањето на Курсот

          Pin It on Pinterest