СТАРТУВАЈ ЈА ТВОЈАТА ВИСОКО ПЛАТЕНА DATA КАРИЕРА!

Започни со бесплатен воведен курс во Data Science и вклучи се во целосната програма по Data Science на Creative Hub!


БЕСПЛАТЕН ВОВЕДЕН КУРС

Следни групи:

*Сертификатот за бесплатниот воведен курс чини 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршување на курсот. После тоа цената за подигнување на сертификат е 2400 МКД.

ШТО КЕ НАУЧИШ?

На воведниот курс за Data Science ќе научите што опфаќа data science и како се анализираат податоци. Ќе разберете зошто Data Science е за секого. Ќе ги видите можностите за апликација на вештините од Data Science. А за најдобро да го докажеме тоа, самите Вие ќе аплицирате техники на Data Science на проблеми од реалнио живот како: детекција на објекти од слики и анализа на мрежа на пријатели на социјални медиуми (Инстаграм или Фејсбук).

Дозволете си да започнете во една од најкретивните и најперспективните професии на денешницата!

ПРОГРАМА
01 Што претставува Data science?
02 Зошто Data Science е за секого?
03 1 & 0: Вовед во Computer and Data Science
04 Видови и апликации на Data Science
05 Поврзани полиња - Математика и Статистика
06 Вовед во Data Mining
07 Exploratory Data Аnalysis workshop: Orange Data Mining Toolbox
08 Можност за работа и кариера во Data Science
09 Invited lecture(s) / Keynote talk(s)
Creativehub Lecturer
Предавач: Бошко Колоски

Предавач на SQL, Python основен и напреден ML and NLP Research Assistant со искуство во решавање на проблеми со помош на користење на податоци и алгоритми.
ЗА КОГО Е БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА?

Оваа програма е наменета за секој што сака да започне да работи како Data Scientist и да се развие професионално во полето на Data Science. За да започнеш со програмата не ти е потребно предзнаење, само силна мотивација!

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Што претставува бесплатниот курс “ Вовед во Data Science ”? Академијата за Data Science на Creative Hub започнува со еден бесплатен курс „ Вовед во Data Science“. Овој курс го воведовме за сите оние кои не се сигурни дали оваа професија е правилниот избор за нив. Воедно сакаме да дадеме можност да се запознаете со предавачите и целосниот систем на програмата на Академија за Data Science на Creative Hub. Ќе имате можност да работите домашни, истражувања, задачи, ќе работите со основни податоци и ќе добиете оценка за сработеното. Воведниот курс по Data Science се финализира со испит, кој доколку успешно го положите ќе Ви обезбеди место на програмата на Академијата за Data Science.

Кога започнува бесплатниот курс и до кога трае пријавувањето за истиот? Курсот трае 3 недели и започнува секој 20ти во месецот, а ќе се одвива два пати неделно. Сите предавања ќе се одвиваат онлајн и во живо, и после секое предавање ќе добиете и снимен видео материјал на маил. По завршувањето на курсот доколку сакате можете да полагате испит за да се стекнете и со сертфикат. Сертификатот се наплаќа 1200 МКД. Успешно положен испит е услов да продолжите на Академијата за Data Sciencе.

Кога ќе започне програмата на Академијата за Data Science доколку успешно сум го положил приемниот испит? Академијата ќе започне кон крајот на јануари месец. Предавањата се два пати неделно по 2 часа. Распоредот се прави во договор со групата и предавањата се најчесто од 18 до 20 часот. Сите студенти добиваат пристап на Classroom каде се сите информации за Академијата.

Колку време е потребно за да дипломирам и да се вработам? Во просек студентите ја завршуваат програмата за 10 месеци, и се вработуваат од 1 до 6 месеци по завршувањето. Со оглед на фактот дека станува збор за професија коа е многу барана на пазарот и е дефицитарна доколку стекнете вештини и навистина се посветите нема да имате проблем во изнаоѓање на работа во data science.

Kолку чини Академијата ? Воведниот курс е бесплатен. Треба да го платите само испитот ( доколку одлучите да го полагате) што чини 1200 МКД. Цената на Академијата варира во зависност од тоа дали сакате само Академија ( 2100 ЕУР) , ЕУ Сертифицирана ( 2450 ЕУР) или ALL Access (7000 ЕУР) што вклучува и Американска диплома признаена во САД. Сите Академии можат да се платат на 15 рати преку нас или на 36 рати преку НЛБ Банка ( ( услов е Вие или некој од Вашето семејство да прима плата или пензија преку НЛБ ) без камата или пак на 50 рати преку Халк Банка без камата ( услов е Вие или некој од Вашето семејство да прима плата или пензија преку Халк ).

Кои се кариерните можности по завршувањето на Академијата? За време на Академијата нашите предавачи ќе го следат Вашиот перформанс и ќе добивате константен фидбек за Вашите резултати. Ако навистина се посветите и имате високи поени пред да завршите со програмата, нашиот Координатор за вработување ќе ви ги претстави отворените позиции кај нашите партнерски компании и ќе Ви помогне добро да се претставите со CV и портфолио за да можете да започнете со работа.

СЛУШАЈ ГО ПРВИОТ МОДУЛ БЕСПЛАТНО

Воведен бесплатен модул по Data Science

Претпрограмата на Академијата за Data Science е бесплатна, но со ограничен број на слушатели.

Со кликнување на копчето ‘‘Аплицирај‘‘ се согласувам и давам одобрение Креативе Хуб ДООЕЛ - Скопје да ги користи и да врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци за потребите на процесот за членување во здружението се додека има потреба од нив, по што ќе бидат избришани/уништени во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам во писмена форма.