Академии
Кариера
Платформа за вработување
Кампус: Македонија
Регистрирај се тука за воведниот online курс
ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

Академијата за Front-end програмирање на Creative Hub започнува со еден бесплатен курс „ Вовед во програмирање“.

Овој курс го воведовме за сите оние кои не се сигурни дали оваа професија е правилниот избор за нив. Воедно сакаме да дадеме можност да се запознаете со предавачите и целосниот систем на програмата на Академија за Front-end на Creative Hub. Ќе имате можност да ги научите основите на HTML и CSS кои претставуваат основа за Front-end програмирање , а во текот на курсот ке имате вежби, задачи како и домашни и ќе добиете оценка за сработеното.

ПРОГРАМА
01
Запознавање со код едиторот и како
работи интернетот
02
Вовед во HTML
03
Структура на HTML и основни тагови и атрибути
04
Користење на табели,форми, див и листи
05
Работа со слики, мапирани слики и видеа
06
Вовед во CSS
07
Селектори и својства
08
Позиционирање на елементи
09
Типографија и бои
10
Креирање на веб сајт со HTML и CSS
Creativehub Lecturer Creativehub Lecturer
Предавач: Сашо Митковски

Предавач по предметите HTML, CSS и Bootstrap. Founder & CTO на Coding Factory, 5+ години во работа со Front-End технологии. 4 години предавач на академии.
ЗА КОГО Е ОВАА БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА?

Оваа програма е наменета за секој што сака да започне да работи како front-end developer и да се развие професионално во полето на програмирање. За да започнеш со програмата не ти е потребно предзнаење, само силна мотивација!

  • Комплетни почетници без никакво искуство, кои имаат за цел да изградат кариера во програмирање

  • Секој што сака да направи промена во кариерата или да се преквалификува

  • Лица кои имаат основни познавања и кои сакаат да ги надградат своите вештини

КАКО ДА ЗАПОЧНАМ?
Register

1.Регистрирај се на формата

Register

2.Чекај повик од нашиот координатор кој ќе ја потврди твојата апликација

Register

3. Добиј целосен распоред за предавањата и започни со бесплатниот курс

ОДЛУЧИ САМ

Види дали професијата е за тебе, приклучи се на Академијата и стани професионалец во сферата.

ЧЕКОР 1

БЕСПЛАТЕН КУРС

‚‚Ѕирни‘‘ во професијата!

Погледни ја динамиката на работа, околината, типот на обврските и основните начела на програмирањето пред да се одлучиш за кариерно насочување.

Arrow

ЧЕКОР 2

НАПРЕДНА ПРОГРАМА

Стани професионалец!

Научи ги сите главните алатки и принципи на Front-end.

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Академијата за Front-end програмирање на Creative Hub започнува со еден воведен курс „ Вовед во програмирање“. Овој курс го воведовме за сите оние кои не се сигурни дали оваа професија е правилниот избор за нив. Воедно сакаме да дадеме можност да се запознаете со предавачите и целосниот систем на програмата на Академија за Front-end на Creative Hub. Ќе имате можност да работите домашни и задачи, преку кои со самостојно истражување и напор ќе треба да дојдете до решение на барањето и за истото ќе добиете и соодветна оценка.



Курсот ќе биде 2 пати неделно по 2 часа, од 18:00 - 20:00 часот. За истиот може да се пријавите до 15ти август.



Академијата ќе започне кон средина на септември месец. Предавањата се два пати неделно и траат по 2 часа и дополнителни вежби заедно со ментор. Распоредот се прави во договор со групата и предавањата се најчесто од 18 до 20 часот. Сите студенти добиваат пристап на Classroom каде се сите информации за Академијата.



Во просек студентите ја завршуваат програмата за 9 месеци, и се вработуваат од 1 до 6 месеци по завршувањето. Со оглед на фактот дека станува збор за професија коа е многу барана на пазарот, доколку стекнете вештини и навистина се посветите нема да имате проблем во изнаоѓање на работа како front-end developer.



За време на Академијата нашите предавачи ќе го следат Вашиот перформанс и ќе добивате константен фидбек за вашите резултати. Ако навистина се посветите и имате високи поени пред да завршите со програмата, нашиот Координатор за вработување ќе ви ги претстави отворените позиции кај нашите партнерски компании и ќе ви помогне добро да се претставите со CV и портфолио за да можете да започнете со работа.