Хакатоните се одлични за студентите бидејќи добиваат шанса во пракса да го
применат стекнатото знаење. Проектите кои ќе ги изработат во соработка со други тимови од другите
Академии во иднина можат да ги прикажат во своето CV како практично искуство. Хакатоните се добри и за
компаниите бидејќи можат да ја видат работата на студентите на дело, и да го изберат најдобриот за да се
приклучи на нивниот тим.
Вероника Маринковиќ
HR Академија
Хакатоните се начин на практично покажување на знаење
по одреден предмет.
На Академијата имавме четири хакатони, сите за различен
предмет. Ние создадовме четири
различни дигитални
tech решенија.
Душан Натевски
Академија за дигитален маркетинг
Feedback–от кој го добив во текот на соработката со George е непроценлив.
Особено задоволство ми беше да учам
од најдобрите и голема благодарност за можностите кои ми се укажаа по
завршување на Академијата.
Ана Паунова
HR Академија
Tech решенијата кои произлегоа од хакатоните имаат широка употреба. Во
интерес на компанијата е да ги користат HR професионалците, но исто така и самите вработени и
менаџерите во компанијата. Сѐ со цел формирање на силна и позитивна корпоративна култура.