Ако одбравте повеќе од три одговори под 1, тогаш вашата компанија се
наоѓа
во Start-up
фазата од организацискиот животен циклус.
Start-up фаза
Вашата компанија нема бирократска организациска
структура. Таа
нема
широка палета на производи, туку само еден производ. Нема систем на наградување и иновациите доаѓаат од
самиот сопственик. Цел на ваквата компанија е да ја помине оваа фаза и да ги зголеми приходите.
Ако одбравте повеќе од три одговори под 2, тогаш вашата компанија се
наоѓа
во фазата
на Раст од организацискиот животен циклус.
Фаза на раст
Вашата компанија има предбирократска огранизациска структура, односно нема формална структура, но веќе
има воведување на некои полиси и процедури, правила и работно време. Се произведуваат различни варијанти
на услугите кои се нудат. Наградувањето и контролираните системи се однесуваат кон личноста и нема
формализирани системи за наградување (што повеќе допринесуваш, толку повеќе ќе добиеш). Иновациите
доаѓаат од секаде, не само од сопственикот. Крајна цел на компанијата е да оствари што поголем раст.
Ако одбравте повеќе од три одговори под 3, тогаш вашата компанија се
наоѓа
во фазата
на Зрелост од организацискиот животен циклус.
Фаза на зрелост
Вашата компанија има бирократска поставеност. Во неа постојат формални процедури, полиси, практики,
колективни договори. Истата располага со голема линија на производи и услуги. Системите за наградување
се формализирани, а иновативноста доаѓа од засебна група. Целта е да постои внатрешна стабилност и
компанијата да се прошири на пазарот што е можно повеќе. Стилот на менаџирање во ваквата компанија се
вика делегирање со контрола.
Ако одбравте повеќе од три одговори под 4, тогаш вашата компанија се
наоѓа
во фазата
на Зрелост од организацискиот животен циклус.
Фаза на опаѓање
Вашата компанија има многу бирократска поставеност. Во неа нема тимска работа и јасно се знае кој ги
носи одлуките и иновациите, а не се прифаќа туѓо мислење. Компанијата нуди многу различни продукти,
услуги и нивни варијации. Системот за наградување е специфично направен врз основа на еден ист продукт
или услуги
кои што ги има.
Целта на компанијата е да ја задржи репутацијата.