Форум за дизајнери
Креиравме форум за дизајнери на кој студентите ќе имаат можност да ги споделат своите графички решенија, да добијат соодветен фидбек за истите и да постават прашање на тема Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign и слично.

Како што расте потребата за квалитетна и креативна дизајнерска „млада крв“, така стануваат поголеми афинитетите и амбициите на новите, па и на “постарите“ креативци.

Така, ние во Creative Hub решивме да направиме форум во кој ќе ги споиме искусните и оние што сакаат нешто повеќе за светот кој молскавично се менува и расте.

Засега, пристап имаат само нашите сегашни и поранешни студенти за споделување на секакви прашања и одговори, но наскоро тоа планираме да го направиме и за целата дизајнерска фела.

Mentor & Mentee
Лесно како два и два

Овој проект всушност е изработен од алумни студентката на UX/UI академијата, Фросина Колевска.

Треба само да се регистрирате и од левата страна веќе ќе ги најдете најновите теми, категоризирани во 4 категории: Illustrator, Photoshop, InDesign и UX/UI design.

forum.creativehub.mk е местото каде што сите ваши идеи ќе бидат преточени во реализации, решенија, но и одговори.

Академија за UX/UI дизајн
Академијата за UX/UI е правилниот избор за оние кои сакаат да ја изразат својата креативност!
Ќе научиш и UX и UI и основи на front-end бидејќи едноставно сметаме дека за средствата кои ги вложуваш треба да добиеш максимум знаење кое ќе го примениш..
8 месеци (150 работни часа)
Плати на 15, 24, 36 или 50 рати
Македонски јазик
Период на онлајн подготовка
Помош при вработување по Академијата
Меѓународен сертификат + Додаток диплома со ЕКТС кредити
Верификувана од
Уписите се во тек!
1599 EUR
Аплицирај
11 останати места