БЕСПЛАТЕН ВОВЕДЕН КУРС
Course image
  • 3 недели
  • 10 часа
  • Online
  • *Добиј сертификат по завршувањето
  • Домашни и истражувања, работа во групи

Следни групи:

  • 10 Јануари, 2022
  • 14 Февруари, 2022

*Сертификатот за бесплатниот воведен курс чини 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршување на курсот. После тоа цената за подигнување на сертификат е 2400 МКД.

ШТО КЕ НАУЧИШ?

На сесиите на курсот за човечки ресурси ќе се разговара за улогата на HR-от во компанијата, ќе се демистифицираат темите и термините од областа на HR.

Слушателите ќе имаат можност да навлезат во професијата, да ја разберат и да ја засакаат. Ќе слушнат примери од вистински искуства и ќе се мотивираат самите да навлезат во материјалот преку голем број истражувања и студии на случај кои ќе ги работат. Ќе работат на домашни и задачи и ќе изработат самите проект за визијата за иднината на HR тимовите.

ПРОГРАМА
01
Што преставува менаџментот на човечки ресурси?
02
Стратегии и управување со човечки ресурси
03
Процес на управување со перформанси
04
Работни односи
05
Регрутација и селекција
06
Компензација и бенефиции
07
Селектори и својства
Creativehub Lecturer
Предавач: Стефан Јовановски

Директор на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија со 20 години работно искуство. Предавач по предметите Регрутација и селекција и Перформанс Менаџмент.
ЗА КОГО Е ОВАА БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА?

Оваа програма е наменета за секој што сака да започне да работи како HR и да се развие професионално во полето на човечки ресурси. За да започнеш со програмата не ти е потребно предзнаење, само силна мотивација!

  • Комплетни почетници без никакво искуство, кои имаат за цел да изградат кариера во HR индустријата

  • Секој што сака да направи промена во кариерата или да се преквалификува

  • Лица кои имаат основни познавања и кои сакаат да ги надградат своите вештини1

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Академијата за Човечки Ресурси на Creative Hub започнува со еден бесплатен курс „ Вовед во HR “. Овој курс го воведовме за сите оние кои не се сигурни дали оваа професија е правилниот избор за нив. Воедно сакаме да дадеме можност да се запознаете со предавачите и целосниот систем на програмата на Академијата. Ќе имате можност да работите домашни и задачи, преку кои со самостојно истражување и напор ќе треба да дојдете до решение на барањето и за истото ќе добиете и соодветна оценка.

Воведниот курс за програмирање се финализира со испит, кој доколку успешно го положите ќе Ви обезбеди место на програмата на Академијата за Човечки Ресурси.



Курсот трае 3 недели и ќе се одвива два пати неделно по 2 часа. Сите предавања ќе се одвиваат онлајн со вклучување во даден термин на предавачот. По завршувањето на курсот доколку сакате можете да полагате испит за да се стекнете и со сертфикат. Сертификатот се наплаќа 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршувањето. Потоа е 2400 МКД. Успешно положен испит е услов да продолжите на Академијата за човечки ресурси.

Местата се ограничени и брзо се пополнуваат. Доколку сакате да започнете со HR кариера аплицирајте денес.



Во просек студентите ја завршуваат програмата за 5 месеци, и се вработуваат од 1 до 6 месеци по завршувањето. Со оглед на фактот дека станува збор за нова професија од која се повеќе има потреба на пазарот на труд доколку стекнете вештини и навистина се посветите нема да имате проблем во изнаоѓање на работа како Менаџер за човечки ресурси.



Воведниот курс е бесплатен. Треба да го платите само испитот ( доколку одлучите да го полагате) што чини 1200 МКД. Цената на Академијата варира во зависност од тоа дали ќе изберете Само Академија ( 999 ЕУР) , ЕУ Сертифицирана ( 1599 ЕУР) или Fast-track Академија (2999 ЕУР) што вклучува +88 часови и 1-на-1 менторски сесии 2 пати неделно.



За време на Академијата нашите предавачи ќе го следат Вашиот перформанс и ќе добивате константен фидбек за Вашите резултати. Ако навистина се посветите и имате високи поени пред да завршите со програмата, нашиот Координатор за вработување ќе ви ги претстави отворените позиции кај нашите партнерски компании и ќе Ви помогне добро да се претставите со CV и портфолио за да можете да започнете со работа.


аплицирај за бесплатен курс

Воведен бесплатен курс по човечки ресурси

Претпрограмата на Академијата за HR е бесплатна, но со ограничен број на слушатели.

Со кликнување на копчето ‘‘Аплицирај‘‘ се согласувам и давам одобрение Креативе Хуб ДООЕЛ - Скопје да ги користи и да врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци за потребите на процесот за членување во здружението се додека има потреба од нив, по што ќе бидат избришани/уништени во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам во писмена форма.