Академии
Кариера
Платформа за вработување
Кампус: Македонија
БЕСПЛАТЕН ВОВЕДЕН КУРС
Course image
  • 3 недели
  • 10 часа
  • Online
  • *Добиј сертификат по завршувањето
  • Домашни и истражувања, работа во групи

Следни групи:

  • 10 Јануари, 2022

*Сертификатот за бесплатниот воведен курс чини 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршување на курсот. После тоа цената за подигнување на сертификат е 2400 МКД.

ШТО КЕ НАУЧИШ?

На воведниот курс за Јава ќе научите што опфаќа Јава програмскиот јазик.

Ќе ги видите можностите за работа со Јава и креирање на конзолни апликации и самите ќе изработите конзолна апликација на командна линија.

Ќе разберете дали програмирањето е за Вас и дали сакате да продолжите да се надоградувате во оваа професија.

Дозволете си да започнете да размислувате и да работите во областа на програмирање .

ПРОГРАМА
01
Basics Java (classes, objects, variables, access, scopes, etc.)
02
Basics OOP (encapsulation, abstraction, inheritance, polymorphism)
03
Product Inventory Project
Creativehub Lecturer
Предавач: Ице Царев

Повеќе од 10 години искуство во IT, телекомуникација и CMS/EMS индустријата. Стекнати вештини претежно во Java/Spring екосистемот со најмалку 4 годишно имплементирање и на front-end од веб апликациите со Angular, како и поставување на back-end, front-end, database architecture и deployments.
ЗА КОГО Е ОВАА БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА?

Оваа програма е наменета за секој што сака да започне да работи како Јава програмер и да се развие професионално во полето на Јава програмирање. За да започнеш со програмата не ти е потребно предзнаење, само силна мотивација!

  • Комплетни почетници без никакво искуство, кои имаат за цел да изградат кариера во најбрзорастечката професија

  • Секој што сака да направи промена во кариерата или да се преквалификува

  • Лица кои имаат основни познавања и кои сакаат да ги надградат своите вештини

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Јава Академијата на Creative Hub започнува со еден бесплатен курс „ Вовед во Јава“. Овој курс го воведовме за сите оние кои не се сигурни дали оваа професија е правилниот избор за нив. Воедно сакаме да дадеме можност да се запознаете со менторот и целосниот систем на програмата на Јава Академијата во Creative Hub. Ќе имате можност да работите домашни и задачи, преку кои со самостојно истражување и напор ќе треба да дојдете до решение на барањето.

Воведниот курс за програмирање се финализира со испит, кој доколку успешно го положите ќе Ви обезбеди место на програмата на Јава Академијата.



Курсот трае 3 недели и ќе се одвива два пати неделно по 2 часа. Сите предавања ќе се одвиваат онлајн со вклучување во даден термин на предавачот.. По завршувањето на курсот доколку сакате можете да полагате испит за да се стекнете и со сертфикат. Сертификатот се наплаќа 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршувањето. Потоа е 2400 МКД. Успешно положен испит е услов да продолжите на Јава Академијата.

Местата се ограничени и брзо се пополнуваат. Доколку сакате да започнете со ИТ кариера аплицирајте денес.



Академијата ќе започне кон крајот на февруари месец. Предавањата се два пати неделно по 2 и пол часа и секоја сабота вежби со менторот. Распоредот се прави во договор со групата и предавањата се најчесто од 18 до 20 и 30 часот. Сите студенти добиваат пристап на Classroom каде се сите информации за Академијата.



Во просек студентите ја завршуваат програмата за 7 месеци, и се вработуваат од 1 до 6 месеци по завршувањето. Со оглед на фактот дека станува збор за професија коа е многу барана на пазарот и е дефицитарна доколку стекнете вештини и навистина се посветите нема да имате проблем во изнаоѓање на работа како јуниор Јава програмер.



Воведниот курс е бесплатен. Треба да го платите само испитот ( доколку одлучите да го полагате) што чини 1200 МКД. Цената на Академијата варира во зависност од тоа дали сакате само Академија ( 2100 ЕУР) или ЕУ Сертифицирана ( 2450 ЕУР) .

Сите Академии можат да се платат на 15 рати преку нас или на 36 рати преку НЛБ Банка ( ( услов е Вие или некој од Вашето семејство да прима плата или пензија преку НЛБ ) без камата или пак на 50 рати преку Халк Банка без камата ( услов е Вие или некој од Вашето семејство да прима плата или пензија преку Халк ).



За време на Академијата нашите предавачи ќе го следат Вашиот перформанс и ќе добивате константен фидбек за Вашите резултати. Ако навистина се посветите и имате високи поени пред да завршите со програмата, нашиот Координатор за вработување ќе ви ги претстави отворените позиции кај нашите партнерски компании и ќе Ви помогне добро да се претставите со CV и портфолио за да можете да започнете со работа.


аплицирај за бесплатен курс

Воведен бесплатен курс по Java програмирање

Претпрограмата на Java Академијата е бесплатна, но со ограничен број на слушатели.

Со кликнување на копчето ‘‘Аплицирај‘‘ се согласувам и давам одобрение Креативе Хуб ДООЕЛ - Скопје да ги користи и да врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци за потребите на процесот за членување во здружението се додека има потреба од нив, по што ќе бидат избришани/уништени во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам во писмена форма.