UX/UI ПРЕДИЗВИЦИ


Што е UX/UI Quest? Како што знаете во Creative Hub имаме акредитирана UX/UI Академија.
Заедно со дел од нашите алумни и нашите ментори дојдовме на идеја да ја доближиме Академијата и програмата до сите Вас што сакате да учествувате во предизвици. Секој четврток следете го нашиот Фејсбук канал каде ќе објавуваме UX/UI предизвик.
Сите Вие кои ќе учествувате ќе имате 7 дена да испратите UX/UI решение. За решението ќе добиете фидбек од нашите судии - сениор UX/UI дизајнери. А за најактивните следуваат и награди.
Секој трет четврток во месецот и ќе доделуваме награди за најдобрите. Најдоброто решение ќе добие и 200 ЕУР попуст на Академијата за UX/UI.

Овој пат, преку дизајн, му помагаме на Зоран. Зоран е клиент којшто бара решение за брзо снаоѓање на аеродром. На Зоран му треба мапа како да стигне од влезот на аеродромот до одреден гејт, притоа успатно да може да купи сувенири или пијалоци.
Како вие би го решиле овој предизвик?
Вашите скици / мокапи / прототипи ги очекуваме најдоцна до следната среда (03.11.2021), 12 часот, пред да биде објавен следниот предизвик.
Фајловите прикачете ги тука, со клик на копчето подолу.
Сите дизајни ќе добијат фидбек, а најдобриот и ваучер од 200 ЕУР попуст при упис на нашата UX/UI Академија.



Tука се пак, изминатите предизвици


Замислете дека имате клиент по име Сара. На Сара и е потребен UX UI дизајнер. Сака да има дизајн за вебсајт на кој ќе може лесно и брзо да плаќа за намирници без да и е потребен касиер. Можете ли да и помогнете? Сите дизајни / скици/ прототипи испратете ги на contact@creativehub.mk најдоцна до следната среда 12 часот кога ќе го објавиме новиот UX UI предизвик. Сите учесници ќе добијат фидбек на дизајниот,а најдобриот и ваучер од 200 ЕУР за UX UI Академија.