БЕСПЛАТЕН ВОВЕДЕН КУРС
Course image
  • 3 недели
  • 10 часа
  • Online
  • *Добиј сертификат по завршувањето
  • Домашни и истражувања, работа во групи

Следни групи:

  • 10 Јануари, 2022
  • 14 Февруари, 2022

*Сертификатот за бесплатниот воведен курс чини 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршување на курсот. После тоа цената за подигнување на сертификат е 2400 МКД.

ШТО ЌЕ НАУЧИШ?

На воведниот курс за UX UI дизајн ќе ги научите и ќе започнете да работите во најважните алатки и сегменти во дизајнот. Ќе се соочите со вистински проекти преку кои ќе се стекнете со практични знаења кои ќе ви помогнат да се усовршите во полето и да започнете со работа како UX UI дизајнер . А за најдобро да го докажеме тоа, самите Вие ќе изработите мини протитип за бриф од клиент. Дозволете си да започнете во една од најкретивните професии на денешницата.

ПРОГРАМА
01
Вовед во UX/UI
02
Што означува UX?
03
Што означува UI?
04
Како се прави UX истражување?
05
Анализа на конкуренција
06
Како UX/UI работат заедно?
07
UX Stories & user flows
08
Што се очекува од UX дизајнерот?
09
Вовед во UI
10
Adobe XD
11
Figma
12
Prototyping & wireframes
13
Presentation
14
Storytelling
15
Што се случува откако ќе го завршиш дизајнот?
Creativehub Lecturer Creativehub Lecturer
Предавач: Иле Петрушевски

Сениор дизајнер со работно искуство во Branding, User Interface, Advertising, Web design i typography. Предавач по предметите UX & UI.
Creativehub Lecturer Creativehub Lecturer
Асистент: Александра Милошевска

UX/UI дизајнер и архитект.
Асистент на UX/UI.
ЗА КОГО Е ОВАА БЕСПЛАТНА ПРОГРАМА?

Оваа програма е наменета за секој што сака да започне да работи како UX/UI дизајнер и да се развие професионално во полето на дизајнот. За да започнеш со програмата не ти е потребно предзнаење, само силна мотивација!

  • Комплетни почетници без никакво искуство, кои имаат за цел да изградат кариера во полето на веб дизајнот.

  • Секој што сака да направи промена во кариерата или да се преквалификува

  • Лица кои имаат основни познавања и кои сакаат да ги надградат своите вештини

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Академијата за UX UI дизајн на Creative Hub започнува со еден бесплатен курс „ Вовед во UX UI дизајнот“. Овој курс го воведовме за сите оние кои не се сигурни дали оваа професија е вистинскиот избор за нив. Воедно сакаме да дадеме можност да се запознаете со предавачите и целосниот систем на програмата на Академија за UX UI дизајн. Ќе имате можност да работите домашни и задачи, преку кои со самостојно истражување и напор ќе треба да дојдете до решение на барањето и за истото ќе добиете и соодветна оценка.

Воведниот курс за UX UI дизајн се финализира со испит, кој доколку успешно го положите ќе ви обезбеди место на програмата на Академијата.



Курсот трае 3 недели и ќе се одвива два пати неделно по 2 часа. Сите предавања ќе се одвиваат онлајн со вклучување во даден термин на предавачот. По завршувањето на курсот доколку сакате можете да полагате испит за да се стекнете и со сертфикат. Сертификатот се наплаќа 1200 МКД доколку го земете во првите 7 дена по завршувањето. Потоа е 2400 МКД. Успешно положен испит е услов да продолжите на UX UI Академијата.

Местата се ограничени и брзо се пополнуваат. Доколку сакате да започнете кариера како UX UI дизајнер аплицирајте денес.



Академијата ќе започне кон крајот на јануари месец. Предавањата се два пати неделно по 2 часа и секоја сабота вежби со асистент. Распоредот се прави во договор со групата и предавањата се најчесто од 18 до 20 часот. Сите студенти добиваат пристап на Classroom каде се сите информации за Академијата.



Во просек студентите ја завршуваат програмата за 9 месеци, и се вработуваат од 1 до 6 месеци по завршувањето. Со оглед на фактот дека станува збор за професија коа е многу барана на пазарот, доколку стекнете вештини и навистина се посветите нема да имате проблем во изнаоѓање на работа како UX UI дизајнер.



Воведниот курс е бесплатен. Треба да го платите само испитот ( доколку одлучите да го полагате) што чини 1200 МКД. Цената на Академијата варира во зависност од тоа дали сакате само Академија ( 1299 ЕУР) , ЕУ Сертифицирана ( 1599 ЕУР) или Fast-track Академија (2999 ЕУР) што вклучува +88 часови и 1-на-1 менторски сесии 2 пати неделно.

Во Fast-track Академијата наместо регуларните 2 пати неделно ќе работите 4 пати неделно и ќе имате индивидуални менторски сесии се со цел да се забрза вашиот раст и побрзо да почнете да работите.

Сите Академии можат да се платат на 15 рати преку нас или на 36 рати преку НЛБ Банка ( ( услов е Вие или некој од Вашето семејство да прима плата или пензија преку НЛБ ) без камата или пак на 50 рати преку Халк Банка без камата ( услов е Вие или некој од Вашето семејство да прима плата или пензија преку Халк ).



За време на Академијата нашите предавачи ќе го следат Вашиот перформанс и ќе добивате константен фидбек за Вашите резултати. Ако навистина се посветите и имате високи поени пред да завршите со програмата, нашиот Координатор за вработување ќе ви ги претстави отворените позиции кај нашите партнерски компании и ќе ви помогне добро да се претставите со CV и портфолио за да можете да започнете со работа.


аплицирај за бесплатен курс

Воведен бесплатен курс по UX/UI дизајн

Претпрограмата на Академијата за UX/UI е бесплатна, но со ограничен број на слушатели.

Со кликнување на копчето ‘‘Аплицирај‘‘ се согласувам и давам одобрение Креативе Хуб ДООЕЛ - Скопје да ги користи и да врши обработка на моите лични податоци, како и да ги чува во збирката на лични податоци за потребите на процесот за членување во здружението се додека има потреба од нив, по што ќе бидат избришани/уништени во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Го задржувам правото во секое време повлекувањето на согласноста да го дадам во писмена форма.